Негуш (општина)
Општина Негуш Δήμος Νάουσας | |
---|---|
Центарот на Негуш.
| |
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Иматија |
Гео. област: | Сланица |
Население: | 34 451 (2001) |
Седиште: | Негуш |
Нас. места: | 23 |
Пошт. бр.: | 592 00 |
Пов. бр.: | 23320-2 |
Портал: | naoussa.gr |
Негуш (грчки: Δήμος Νάουσας, Димос Наусас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Негуш.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Негуш е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на три стари општини: Негуш, Антемија и Иринуполи.[1]
Напомена: Називите на општините „Антемија“ и „Иринуполи“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.
Општинска единица Антемија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Антемија (Δήμος Ανθεμίων) со седиште во село Копаново (Копанос) има 8 147 жители (2001) и опфаќа 7 села во областа Сланица:
- Општински оддел Копаново
- село Копаново (Κοπανός, Копанос) (2 144 жители)
- Општински оддел Голишани
- село Голишани (Λευκάδια, Левкадија) (967 жители)
- Општински оддел Долно Копаново
- село Долно Копаново (Χαρίεσσα, Хариеса) (974 жители)
- Општински оддел Миноштица
- село Миноштица (Μονόσπιτα, Моноспита) (916 жители)
- Општински оддел Пископија
- село Пископија (Επισκοπή, Епископи) (1 916 жители)
- Општински оддел Цармариново (1 230 жители)
- село Цармариново (или Црно Мариново; Μαρίνα, Марина) (1 076 жители)
- село Фетица (Πολλά Νερά, Пола Нера) (154 жители)
Општинска единица Негуш[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Негуш има 22 288 жители (2001) и го опфаќа градот Негуш, 9 села и еден туристички центар во областа Сланица:
- Општински оддел Негуш (20 176 жители)
- град Негуш (Νάουσα, Науса) (19 870 жители)
- Станица Негуш (Σταθμός Νάουσας, Статмос Наусас) (81 жител)
- село Горно Шел (Άνω Σέλι, Ано Сели) (40 жители)
- село Гимново (Νέα Στράντζα или Ροδακινέα, Неја Странѕа или Родакинеја) (24 жители) новосоздадено
- туристички центар Свети Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) (161 жител) новосоздадено
- Општински оддел Аркудохор
- село Аркудохор (Αρκοχώρι, Аркохори) (332 жители)
- Општински оддел Голема Река (593 жители)
- село Голема Река (Ροδοχώρι или Μέγα Ρέμα, Родохори или Мега Рема) (578 жители)
- село Држилово (Μεταμόρφωση, Метаморфоси) (7 жители)
- село Куцуфљани (Άγιος Παύλος, Агиос Павлос) (8 жители)
- Општински оддел Јанаково
- село Јанаково (Γιαννακοχώρι, Јанакохори) (410 жители)
- Општински оддел Хоропан
- село Хоропан (Στενήμαχος, Стенимахос) (777 жители)
Општинска единица Иринуполи[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Иринуполи (Δήμος Ειρηνούπολης) со седиште во село Берска Вештица (Ангелохори) има 4 006 жители (2001) и опфаќа 5 села во областа Сланица:
- Општински оддел Берска Вештица
- село Вештица Берска (Αγγελοχώρι, Ангелохори) (1 707 жители)
- Општински оддел Воденска Вештица
- село Вештица Воденска (Πολυπλάτανος, Полиплатанос) (884 жители)
- Општински оддел Горно Жервохор (1 415 жители)
- село Горно Жервохор (или Горно Червор; Άνω Ζερβοχώρι, Ано Зервохори) (666 жители)
- село Жервохор (или Червор; Παλαιό Ζερβοχώρι, Палео Зервохори) (369 жители)
- село Ново Село (Αρχάγγελος, Архангелос) (380 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|