Каракамен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Каракамен меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сари Ѓол на запад, река Бистрица на југ и Солунското Поле на исток
Каракамен се наоѓа во Грција
Каракамен
Местоположба на Каракамен во Грција

Каракамен или Кара Камен (грчки: Βέρμιο, Вермио) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција.

Планината се протега во централниот дел на Егејска Македонија меѓу административните области Западна Македонија (Кожани) на запад и Централна Македонија, Постол на североисток и Ематија на југосток.

Планината се дели на два дела, северна „Негуш Планина или „Дурла“ (Турла) и јужна - „Докса“. Каракамен се наоѓа меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сари Ѓол на запад, река Бистрица на југ и Солунското поле на исток. Највисокиот врв на планината е Каракамен (на турски Караташ, на грчки Хамити) на 2.065 метри.[1]

Во народното творештво[уреди]

Планината Каракамен се споменува во народната песна „Дафино вино црвено“, каде во првата строфа се вели:[2]

Дафино вино црвено
Момчето ти е заспало
На Каракамен планина
На сува рида без вода.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Страница за Каракамен
  2. Дафино вино црвено — портал „Македонски народни песни“

Надворешни врски[уреди]