Прејди на содржината

Пијавица (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пијавица
Στρατόνικο
Највисока точка
Надм. вис.918 м
Координати40°33′21″N 23°44′02″E / 40.5558°N 23.7338°E / 40.5558; 23.7338
Географија
Пијавица на карта

Карта

МестоХалкидик, Егејска Македонија
Карта

Пијавица (грчки: Στρατόνικο, старо: Πιαβίτσα, Μπιάβιτσα) — планина на Халкидик, Егејска Македонија.[1] Највисок врв е Манџука со 918 м.

Планината е сместена во североисточниот дел на Халкидичкиот Полуостров. Претставува долга ниска планина која почнува западно од селото Извор.[1]

На картите на Кондогонис (1914) и на Грчката военогеографска служба од 1927 г. планината е обележана како Бијавица или Стратоникон (Μπιάβιτσα ή Στρατόνικον), а на поновите карти на службата (1934 и 1949) е Пијавица или Стратоникон (Πιαβίτσα ή Στρατόνικον).[1] На север реките Мавролакос и Докос ја двојат од планината Сугљани, а на југ се граничи со Холомонда.

Карпите се сочинети од гнајсови и амфиболити. Планината е покриена со шуми од бука, даб, костен и чинар, и вклучена е во мрежата на заштитените подрачја Натура 2000.[1]

Искачувањето трае околу еден час од планинскиот пат од селото Олимпијада (10 м) кон Варвара (560 м) или Ново Село (570 м).[1]

Ова е список на врвовите на Пијавица подредени по висина:

ИмеГрчкиВисина
(м)[1]
Местоположба
МанџукаΜαντζούκα, Κοντάρι918СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара
СтрембеникΣτρεμπενίκος868С од Казанџи Маала
ТурлаΤούρλα829С од Ново Село
БалбузаниΜπαλμπουζάνη, Σπάθα820СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара
Свети ИлијаΠροφήτης Ηλίας806С од Ново Село
ПраматевтисΠραματευτής800СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара
КерасијаΚερασιά785СИ од Извор
БиглаΒίγλα, Σκοπός760ЈИ од Стано
ЦуцулаΤσουτσούλα, Τσούτσουλα746И од Стано
ГросијаΓρόσια, Αετορράχη740И од Варвара
ДревеникΔρεβενίκος727Ј од Варвара
БостанудиΜποστανούδι, Αητοκορφή720С од Ново Село
КуцумбосΚουτσουμπός702С од Казанџи Маала и Извор
Слава НиваΣλαβανίβα, Μύτη696И од Варвара
КалотихоΚαλότυχο, Καλοτείχος687СЗ од Стратони
СклитраΣκλήθρα680СЗ од Ново Село
ГлавинаΚλαβίνα, Γερακίνα, Μύγδω650З од Варвара
БараΜπάρα, Στενή631СИ од Стано
МармараΜάρμαρα589СИ од Стано
ЛивадудијаΛιβαδούδια, Λειβάδι578З од Варвара
БозјаросΜπόζιαρος516СЗ од Варвара

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 453. ISBN 978-960-86676-6-2.