Сиври Тепе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сиври Тепе
Σιβρί
Највисока точка
Надм. вис.561 м
Координати40°45′11″ СГШ; 22°53′46″ ИГД / 40.753° СГШ; 22.896° ИГД / 40.753; 22.896Координати: 40°45′11″ СГШ; 22°53′46″ ИГД / 40.753° СГШ; 22.896° ИГД / 40.753; 22.896
Величина
Должина12 км
Географија
МестоСолунско, Егејска Македонија

Сиври Тепе (грчки: Σιβρί, Σιβρί Τεπέ; од турски: Sivri Tepe - „остар рид“) или Балџа (Μπάλτζα) — низок планински венец во Солунско, Егејска Македонија, со најголема висина од 561 м. Претставува северен продолжеток на планината Хортач.

Во османлиско време планината се нарекувала и Карадакли, наспроти Карадаг (планината Круша), која се смета за нејзин продолжеток.

Топографија и хидрографија[уреди | уреди извор]

Овој низок венец има правец на протегање југоисток-северозапад, во должина од 12 км. На југоисточниот крај продолжува во Хортач преку превојот Дервени, додека пак на северозападниот завршува кај Горчливото Езеро, на границата со Кукушко. Покрај истоимениот највисок врв, се издвојува и Висок Врв (Ипсили) со надморска височина од 465 м. Највисокиот врв нуди одличен поглед на Солун и Солунскиот Залив.

По Сиври Тепе течат бројни потоци, од кои највеќето завршуваат како притоки на реката Галик. На еден од овие потоци има добро зачувана воденица од византиско време.

Населени места[уреди | уреди извор]

Во подножјето на Сиври Тепе лежат следниве населени места:

Поврзано[уреди | уреди извор]