Штудер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Штудер
Άγιος Παύλος
Studer IMG 2303.jpg
Поглед на Штудер од атарот на с. Крлуково
Највисока точка
ВрвШтудер
Надм. вис.1.768 м [1]
Географија

Штудер или Калапотска Планина (грчки: Άγιος Παύλος, Агиос Павлос, турски: Karaçam, црн бор[2]) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција. По неа минува границата меѓу општините Неврокоп на север и Просечен на југ. Претстаува мал и кус планински гребен, кој ги сврзува Змијница (Серски Боздаг, гр. Меникио) на исток со Драмски Боздаг (Фалакро) на запад. Највисока точка е врвот Штудер со 1.768 м, по кој се нарекува и целата планина. Поголемиот дел од планината е составен од мермер. На јужното подножје е сместено селото Калапот (Панорама), а на северното — Елес (Охиро) и Ѓуреџик (Гранитис).[3]

Името на планината потекнува од старословенското штѹдъ, штѹдовинъ.[4] Во Грција Щудер се смета за западен дел на Драмски Боздаг.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Oreivatein.com
  2. Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 136.
  3. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)", София, 1953, стр.14
  4. Иванов, Йордан Н. Местните имена между Долна Струма и Долна Места, София, БАН, 1982, стр. 223.
  5. Agios Pavlos peak at western Falakro1768 m

Надворешни врски[уреди | уреди извор]