Шарлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шарлија
Βροντούς
Sharlia Vrondos IMG 2752.jpg
Поглед на врвот Пророк Илија (Али Баба) од атарот на с. Горно Фраштани
Највисока точка
Надм. вис.1.849 м [1]
Географија
Поглед од Беласица на Шарлија (десно, заден план). На преден план е Сенгелска Планина, а лево е Драмски Боздаг

Шарлија или Бродска Планина (грчки: Βρόντος, Врондос) — планина во североисточна Егејска Македонија, денес во Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Планината е сместена во Серско, Егејска Македонија и се протега во працвец североисток-југозапад. Долга е околу 30 км и широка 15-20 км. Највисока точка е врвот Пророк Илија (Προφήτης Ηλίας) со 1.849 м. По 1941 г. врвот територијално влегол во состав на Бугарија и во 1942 г. е преименуван со државен указ во Коевец. Пред тоа се нарекувал Алибаба (Αλή Μπαμπάς). На север, длабоката долина на реката Белица (Крусовитис) ја сели од Словенка (Орвилос) и Сенгелска Планина (Ангистро), а на североисток Шарлија се надоврзува на планината Црна Гора (Мавро Вуно) преку Црвиловското Седло, а на исток Бродска Река ја дели од планината Змијница (Меникио). На запад и југ планината се граничи со плодното Серско Поле. Шарлија е составена претежно од гранити. Во ниските делови се среќаваат шкрилци, мермери и песокливи терцијарни наслаги.[2]

Населени места[уреди | уреди извор]

Во подножјето на планината се сместени гратчето Валовишта (Демир Хисар, гр. Сидирокастро) и селото Савек (Вамвакофито) од западна страна, градот Сер од јужна, селото Горно Броди (Ано Вронду) од источна и селото Крушево (Ахладохори) од север. Од Шарлија извира реката Серовица, која тече кон југ, напоредно на Бродската Река.

Зимско одморалиште[уреди | уреди извор]

На северните падини на Шарлија, на висина од 1.600 м е сместен скијачкиот центар Лајља (Λαϊλιά). Тука е изграден скијачки терен со должина од 1 км, скилифт со седишта долг 850 м и капацитет 700 луѓе на час, како и неколку влечалки. Центарот располага и со терен за почетници. На крајот од пистата има современ објект со ресторан, кафетерија и сместувачки капацитети. Центарот е домаќин на низа натпреварувања по скијачко спуштање и трчање.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Oreivatein.com
  2. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.12-13.