Бродска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бродска Река
Διαβολόρεμα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајСерско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоШарлија
 • координати41°15′17″ N; 23°35′55″ E / 41.2548° СГШ; 23.5985° ИГД / 41.2548; 23.5985
Устие 
 • место
Белица кај Бејлик Маала
 • координати
40°59′12″ N; 23°37′20″ E / 40.9868° СГШ; 23.6221° ИГД / 40.9868; 23.6221Координати: 40°59′12″ N; 23°37′20″ E / 40.9868° СГШ; 23.6221° ИГД / 40.9868; 23.6221
Особености на сливот
Бродска Река is located in Егејска Македонија
извор
утока

Бродска Река (грчки: Διαβολόρεμα, Αγίου Ιωάννου) — река во Серско, Егејска Македонија.

Реката извира од планината Шарлија (Бродска Пл.), југозападно под врвот Буро, на неколку километри северозападно од Горно Броди, по кое е наречена. Другото име Буланика ѝ е изведено од турскиот поим bulanık („матен“), по бојата на водата[1]; сите реки и потоци во областа Мрвачко што извираат од Црна Гора и Шарлија имат матна темна воја бидејќи влечат магнетитен песок.[2]

Тече на југ и ги прибира највеќето потоци од Броската Котлина. Продолжува на југ меѓу ридот Кутел на запад и Бабина Гора на исток. Откако ќе ја прими левата притока Углис и ќе го одмине Ѓаволскиот мост реката влегува во пропаст и пак се појавува северно од урнатините на некогашното село Лакос. Тука тече под името Светијованова Река (Агиу Јоану) бидејќи поминува крај Серскиот манастир, наречен „Свети Јован Претеча“. Излегува во Серското Поле западно от Дервешани, и веќе како регулиран канал свртува на југозапад. Источно од градот Сер повторно врти на југ. Минува западно од Ново Село, западно од Тумбишта и Вержани и се влева во Белица источно од Бејлик Маала, малку пред нејзината утока во Струма.[3]

Притоки[уреди | уреди извор]

→ лева, ← десна

  • ← Љасково
  • → Углис

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 83.
  2. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 84.
  3. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“