Мала Ниџе
Изглед
| Мала Ниџе | |
|---|---|
| Највисока точка | |
| Врв | Пиперица |
| Надм. височина | 1.998 м |
| Координати | 40°55′51.2″N 21°43′9.4″E / 40.930889°N 21.719278°E |
| Географија | |
| Место | Леринско, Егејска Македонија |
Мала Ниџе — планина во Леринско[1], Егејска Македонија, недалеку од границата со Р Македонија. Сртот се протега од југоисток кон северозапад, одделувајќи ги Петерското и Островското Езеро од котлината Пелагонија. Највисок врв е Пиперица со 1.998 м. На север реката Брод ја дели планината од сртот Старков Гроб, а на североисток истата преминува во Ниџе.
Населени места
[уреди | уреди извор]На западното подножје на планината се сместени големите села Сетина, Забрдени, Баница и Церово, а на источното се Чеган, Горничево и Петерско.
Во Грција, Мала Ниџе не се поимува како посебна планина, туку како дел од Ниџе.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Планината е сместена во најголем дел во Леринско, но во помали делови навлегува и во општините Воден и Суровичево
| Оваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||