Лерин
Лерин Φλώρινα | |
---|---|
Поглед на Лерин кон северозапад | |
Координати: 40°47′N 21°24′E / 40.783° СГШ; 21.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Управа | |
• Градоначалник | Јанакис Василеос |
Површина | |
• Вкупна | 150,6 км2 (581 ми2) |
Надм. вис. | 663 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 17,686 |
• Густина | 12/км2 (30/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 531 00 |
Повик. бр. | 23850 |
Рег. таб. | ΡΑ |
Мреж. место | cityoflorina.gr |
Лерин (грчки: Φλώρινα, Флорина) — град во Леринскиот округ и негово седиште, северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува седиште на истоимената општина и има население од 17.907 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот лежи во областа Пелагонија, недалеку од границата со Р Македонија. Сместен во устието на длабоката долина на реката Сакулева во југозападниот раб на Пелагонија во Леринското Поле, во подножјето на планините Баба и Нередска, на надморска височина од 680 метри. Оддалечен е 32 километри северно од Битола, а 18 километри од Македонија преку македонско-грчкиот граничен премин Меџитлија. Лерин е поврзан со железничка пруга со Битола и Солун. На 52 километри јужно се наоѓа Кајлари, на 69 километри југозападно е Костур, а на 81 километар е Кожани. На исток се поврзува со Воден, од кој е оддалечен 76 километри. Соборна црква на градот е „Св. Пантелејмон“ крај градската река.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Како град и област со доминантно македонско население, Лерин во историјата дал голем број на македонски борци, револуционери и херои. Во времето на Отоманското Царство, во Лерин и Леринско крстосувале повеќе македонски чети кои биле организирани од познатиот револуционер поп Коста од леринското село Буф.
Во Грција
[уреди | уреди извор]Врз основа на леринскиот говор во 1925 година грчката влада под притисок на лигата на народите ќе го изработи Букварот (Абецедарот) за учениците Македонци, кој по запалувањето на возот со кој бил транспортиран беше повторно издаден и промовиран во Солун и Атина во 2006 година. Лерин и Леринско ќе дадат и голем број на партизани и борци во ДАГ за време на втората светска војна (1941 - 1945) и граѓанската војна во Грција (1945 - 1949), поради што македонското население ќе доживее невиден терор, убиства, мачења и протерувања од своите огништа од страна на грчките власти. Најкрвав настан ќе биде убиството со обезглавување на повеќе млади Македонци и Македонки, од страна на грчките монархофашистички сили и англиските војници, среде бел ден во центарот на Лерин. Денес е актуелна состојбата со земјиштето на кое се наоѓа масовна гробница со тела на Македонци и Грци - борци на Демократската Армија на Грција кои загинале во Битката за Лерин.
Население
[уреди | уреди извор]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лерин живееле 9.824 жители, од кои 5.000 Турци, 2.820 Македонци, 1.600 Роми, 300 Албанци (200 муслимани и 100 христијани), 84 Власи и 20 Евреи.[2][3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лерин имало 4.344 Македонци (800 под врховенството на Бугарската егзархија и 3.544 патријаршисти), 120 Роми, 72 Власи и 30 Албанци. Во градот имало три бугарски училишта - две основни и едно прогимназиско и четири грчки - три основни и едно прогимназиско.[4]
Според пописот од 1920 година во Лерин имало 2.909 семејства - 12.513 жители. По 1923 година муслиманското население (1.076 семејства или 4.650 жители) се иселува во Турција, а на нивно место се населени 184 семејства - 79 од Источна Тракија, 54 од Мала Азија, 44 од Кавказ и 7 од Понт. Две години подоцна бројот на новодојдените жители бил 178 семејства или 750 жители.[5]
Во 1928 година имало 10.585 жители, од кои 1.999 биле грчки доселеници од размената на населението помеѓу Грција и Турција.
Според пописот од 2011 година, во Лерин живееле 17.686 жители, од кои се смета дека повеќе од половината се Македонци.[6]
Политика
[уреди | уреди извор]Во Лерин се наоѓа седиштето на партијата на Македонците во Грција - Виножито.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Верски објекти
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Манастири
- Лерински манастир („Св. Августин“) од 1999 г.
Кули
[уреди | уреди извор]- Мала кула — кула од XIX век, прогласена за споменик на културата
- Голема кула — кула од XIX век, срушена во 1930 г.
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Свети Агатангел Битолски
- Спиро Гулапчев (1856 - 1918) - публицист и издавач, автор на книги за етнографијата на Македонија
- Елпида Караманди (1 јануари 1920 - с. Лавци, Битолско, 3 мај 1942) — комунистка, учесничка во НОБ и народна хероинаод влашка народност.
- Павле Воскопулос, член на колективното претседателство на политичката партија Виножито,
- Августинос Кантјотис
- Костас Луцас
- Неџати Џумали
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Виножито — политичка партија на Македонците во Грција со седиште во Лерин
- Лерин (општина)
- Лерин (округ)
- Список на села во Лерин
- Леринско Поле
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ В. Кѫнчовъ, Македония. Етнография и Статистика, Българско Книжовно Дружество, София, 1900, с. 249
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.176-177.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Απογραφή Πληθυσμού-Κατοικιών 2011“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-17. Посетено на 2019-03-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лерин“ на Ризницата ? |
- Портал на Виножито — партијата на Македонците во Грција
|
|