Борешница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борешница
Παλαίστρα
Борешница is located in Грција
Борешница
Борешница
Местоположба во областа
Борешница is located in Лерин (општина)
Борешница
Местоположба на Борешница во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°48.10′N 21°31.1′E / 40.80167° N; 21.5183° E / 40.80167; 21.5183Координати: 40°48.10′N 21°31.1′E / 40.80167° N; 21.5183° E / 40.80167; 21.5183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаОвчарани
Надм. вис.&10000000000000620000000620 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно289
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Борешница (грчки: Παλαίστρα, Палестра; до 1926 г. Μπορέσνιτσα, Боресница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 289 жители (2011), сочинето од Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместнео во Леринското Поле, 10 км источно од Лерин крај на Голема Река, притока на Сакулева Река.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Борешница било село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Борешница (Boréchnitza) била село во Леринската каза со 150 домаќинства од вкупно 375 жители Македонци.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Борешница имала 348 жители Македонци.[4][6] Во бугарското училиште во Борешница во 1897/98 г. предавал револуционерот Атанас Шишков од Пателе.[7] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 344 жители, сите Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[4][8]

По 1900 г. се засилило иселувањето на жителите на Борешница во Америка, претежно во САД. Според бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев на почетокот на 1904 г. 28 лица од селото занимале на работа во Америка. Во првите месеци на 1905 г. е забележано заминувањето на уште 9 лица.[9] Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 40 македонски куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 375 жители.[3]. За време на Првата светска војна Борешница била окупирана од бугарската војска, за да биде вратено во Грција по сила на Нејскиот миреовен договор. Во 1926 г. властите го преименувале во Палестра.[10] На пописот од 1928 г. во селото живееле 447 лица.[3]

Во 1940 г. населението на Борешница броело 592 жители. Поради оддалеченоста од воените операции, селото не нстрадало во Граѓанската војна, па затоа од него се иселиле само 5 семејства во Р. Македонија и неколку лица во источноевропските земји.[3] Така, во 1951 г. во него се попишани 638 жители. Во 1960-тите населението почнало позначајно да опаѓа поради засиленото иселување во прекуокеанските земји, особено во Австралија.[3]

Цркви[уреди | уреди извор]

Борешница има две цркви:[11]

  • „Св. Илија“
  • „Јован Богослов“

Селска слава е Илинден, на 2 август.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 592 638 600 421 381 337 336 289
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото се смета за богато. Жителите се занимаваат со земјоделство и произведуваат доста житарки и големи количества тутун. Мошне развиени се лозарството и сточарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Атанас Попов (1871 – 1925) — револуционер
  • Ѓорѓи Перикли Баничотов (? – 1947) — комунистички деец[12]
  • Јован Филипов (Јоанис Воскопулос; р. 1957) — политичар, градоначалник на Лерин, братучед на леринскиот деец Павле Филипов (Павле Воскопулос) од македонската партија „Виножито

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπορέσνιτσα - Παλαίστρα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 142.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  7. Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 134.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  9. Миграционни движения на българите 1878-1912, т. 1, София 1993, с. 314, 397.
  10. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  11. Портал на поранешната Општина Овчарани (грчки)
  12. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009