Плешевица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плешевица
Κολχική
Плешевица is located in Грција
Плешевица
Плешевица
Местоположба во областа
Плешевица во рамките на Лерин (општина)
Плешевица
Местоположба на Плешевица во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.20′N 21°29.1′E / 40.73667° СГШ; 21.4850° ИГД / 40.73667; 21.4850Координати: 40°44.20′N 21°29.1′E / 40.73667° СГШ; 21.4850° ИГД / 40.73667; 21.4850
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&10000000000000690000000690 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно231
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Плешевица (грчки: Κολχική, Колхики; до 1928 г. Πλησεβίτσα, Плисевица[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 231 жител (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Леринското Поле, 7 км југоисточно од Лерин и 3 км јужно од Кучковени. Крај селото тече Негованска Река, која по неколку километри се влева во вештачкото Плешевичко Езеро на север.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Плешевица првично било македонско село, но подоцна тука се доселиле Албанци кои со време го истиснале домородното население.[3] Од првовремено македонска, кон средината на XIX век селото станало мешана населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 Плешеница (Pléchénitza) било село во Леринската каза со 200 домаќинства и 405 жители муслимани и 308 жители Македонци.[4][5]

До почетокот на XX век албанското население наполно го истиснало македонското. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 700 Арнаути муслимани.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

ППо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 400 жители. Во 1920 г. во Плешевица живееле 532 жители, но во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле Грци од Понд. Во 1928 г. Плешевица била чисто дојденско село со 367 жители (95 семејства).[7]

Во 1940 г. во селото се попишани 530 жители.[3] Плешевица не настрадала во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. имала население од 444 жители. По војната, жителите сè уште немале црква, и за таа цел ја користеле старата турска џамија.[8] Населението се приметно се намалило во 1960-тите и 1970-тите поради иселувања во поголемите градови.[3]

Според истражување од 1993 г. селото е чисто дојденско, и во него понтскиот грчки е зачуван на средно ниво.[9]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 530 444 376 279 315 408 256 231
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението одгледува жито, тутун и компири, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πλησεβίτσα - Κολχική
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 170.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82-83.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  8. Στρέζου, Ελένη (Δεκέμβριος 2014). Η Εκπαίδευση και ο Πολιτισμός στη Φλώρινα την περίοδο της Κατοχής και του Εμφυλίου μέσα από τον Τοπικό Τύπο [1940 - 1949). Μεταπτυχιακή Διπλωματική Εργασία (PDF). Φλώρινα: Πανεπιστήμιο Δυτικής Μακεδονίας, Παιδαγωγική Σχολή Φλώρινα, Παιδαγωγικό Τμήμα Δημοτικής Εκπαίδευσης. стр. 235. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  9. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"