Баница (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Баница
Βεύη
Баница
Баница
Баница is located in Грција
Баница
Баница
Координати: 40°46′N 21°37′E / 40.767° СГШ; 21.617° ИГД / 40.767; 21.617Координати: 40°46′N 21°37′E / 40.767° СГШ; 21.617° ИГД / 40.767; 21.617
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаОвчарани
Население (2011)[1]
 • Селска663
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.539 74
Повик. бр.2385
Vevi Center.JPG
Vevi School.JPG

Баница (грчки: Βεύη, „Веви“) — село во општина Овчарани во округот Леринскиот округ, Егејска Македонија. До денес е населено исклучиво со Македонци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Баница се наоѓа на 23 километри источно од градот Лерин и 8 километри од Суровичево, во западните падини на планината Ниџе. Низ Баница минува главниот пат Солун-Лерин-Битола, а тука се одделуват патните јазли коишто водат кон Суровичево, Костур и Кожани, а друг директно оди за Битола кон Крушоради и Живојно[2]. Според записите на Ѓорче Петров селото Баница е расположено четири часа на исток од Лерин на солунско-битолскиот пат[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите археолошки пронајдоци укажуваат на римскиот период, како што е торзо од машка статуа [1] Архивирано на 30 април 2009 г.. Едни од најстарите пишани податоци за селото Баница се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото е запишано дека имало 35 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 44 товари, јачмен до 49 товари, 'рж до 14 товари, просо до 2 товари, граор до 3 товари, леќа, бостан, мед, се обработувале лозја и се чувале свињи за што селото остварувало свкупен приход од 2353 акчиња[4] За време на Османлиското Царство се спомнува во турските дефтери со името Баниче, коешто броело 132 христијански домаќинства, во Леринскиот вилает од 1626-1627 година. Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1460 година. На основа на податоците од записите на Ѓорче Петров во неговата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, селото Баница имало 250 куќи со 1500 жители од кои 725 биле Македонци – гркомани, а 775 биле Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, при што административно тоа спаѓало во Воштаранската нахија, а црковно-духовно припаѓало на Охридската бугарска епархија[3]. Кај Стефан Верковиќ е регистрирано со 141 семејство и 682 жители, во статистиките на К’нчов од 1910 Баница се споменува со 1650 жители, додека Милоевиќ го забележал како село со 400 македонски куќи[2]. Поради страдањата во Втората светска и Граѓанската војна ви Грција, мнозина жители пребегнале во Македонија и во другите источноевропски држави, а по овој период започнало и помасовно иселување во прекуокеанските земји.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Лигнитните копови јужно от селото

На планината над Баница се наоѓа рудникот Веви, којшто работи од 1980-те години. Од него се добива лигнит со висок квалитет и таму работат повеќе луѓе од селото. Од земјоделството селото произведува големи количества жито[2].

Демографија[уреди | уреди извор]

Година Население
1913 1.167
1920 1.653
1928 1.995
1940 2.245
1951 2.062
1961 2.105
1971 1.049
2001 688
2011 663

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото е сместена жандармериска поткоманда со неколку истурени жандармериски станици во околните села, како и пошта која ги опслужува и околните села[2].

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Баница постоел спортски фудбалски клуб Павле Меља кој бил основан во 1924 година ѝ во него се натпреварувле повеќе генерации младинци. Клубот се натпреварувал во Северната зона на Грција и заземал високи пласмани во лигата. Постоеле уште два тима, кои се натпреварувале во Окружната леринска зона. Младината била многу заинтересирана за фудбалот и за атлетиката, па затоа овие друштва биле и многу масовни.[7]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Протерани од Баница кои заради теророт па монархофашистите на Грција во периодот од 1945 година го напуштиле родниот крај:[8][уреди | уреди извор]

1. Јане Сариев со семејстото: Лена , Миле (син) и Ники и Виолета (ќерки)

2. Лазо Малинов-Капидан

3. Сотир Гасков

4. Коле Вељанов

5. Глигор Подимитров

6. Дере Малинов со семејството: Фима , Ташко и Атанас (синови) и Тријада

7. Кочо Малинов

8. Блаже Мангов

9. Мице Лаев со семејството: Менка (сопруга), Лефтер (син) и Рина (ќерка)

10. Блаже Тошев со семејството: Фроса, Ѓорѓи и Лечо (синови)

11. Крсто (Кице) Џогов со семејството: Василка (Циља) (сопруга), Калипса, Фроса, Менка и Вангелица (ќерки),Ахилеј и Стојан (синови).

12. Ана Мангова со ќерките: Василка, Роза, Кики, Менка и Тина

13. Лефтер Олевски со семејството: Љуба (сопруга), Тула (ќерка), Коле (син) и Петра (мајка)

14. Русе Џугоманов со семејството: Софика Џугоманова (сопруга), Пеце (син) и Маре (ќерка)

15. Пандо Кујчев со семејството: Прона (сопруга), Леко (син) и Марика и Авгула (ќерки)

16. Дине Тошев со семејството: Лена (сопруга), Ники (ќерка)

17. Ило Дајков-илинденец со семејството: Битолка (сопруга), Коле (син), Калипса и Тона (ќерки)

18. Дине Кировски

19. Коле Малинов со семејството: Менка (ќерка), Пандо (син) со сопругата Митра и нивните деца: Миле (син) и Ники, Ефрула и Надежда (ќерки)

20. Мице Малинов со семејството: Дола (сопруга), Ленка и Сика (ќерки) и Ламбо и Михали (синови)

21. Циле Хрисафов со семејството: Кица (сопруга), Леко и Христаки (синови) и Фима и Ерфи (ќерки)

22. Лазо Малинов

23. Анастас Бабуловски

24. Пеце Врагов

25. Тане Малинов

26. Гире Јанин

27. Ѓорѓи Калпаков

28. Стате Боглев

29. Борис Малинов

30. Филип Павлев со семејството: Танка (сопруга) и Стојан (син)

31. Гире Бабулов со ќерка му Калипса

32. Мице Марикин

33. Стефо Џугоманов

34. Марика Јанева сопруга на Кине Јанев со семејството: Ленче, Стефка и Тријада (ќерки) и Буле и Васко (синови)

35. Циле Џугоманов - преминал од ДАГ 1948 год.

36. Ѓорѓи Трендо Малинов- побегнал од ДАГ 1948 год.

37. Ѓорѓи Методи Апчев

38. Јанко Тане Малинов

39. Ката Борис Хрисафова

40. Миле Блаже Ташев

41. Динка Абова сопруга на Лазо Абов со семејството: Пандо (син) и Тријада (ќерка)

42. Лазо Попдимитров по 15 години робија во грчките затвори во СФРЈ се преселил во 1972 година

43. Борис Хрисафов со сопругата Ана

44. Спиро Џугоманов

45. Славе Џогов

Преглед на лица од Баница кои ја напуштиле Југославија и заминале за Канада, Австралија или пак се вратиле во Грција:[9][уреди | уреди извор]

Канада:

1. Методи Гасков со семејството: Евда (сопруга), Лена и Марика (ќерки)

2. Лазо Малинов

3. Блаже Рикалов

4. Јанко Мице Печинов

5. Блаже Наце Мангов со семејството: Прошка (сопруга), Коле (син) и ќерка

Австралија:

1. Лазо Методи Гасков

2. Тане Малинов со семејството: Левена (сопруга), Јанко и Ѓopѓи (синови)

3. Авгула Стате Боглев

4. Панде Кујчев со семејството : Прона (сопруга), Леко (син) и Марика и Авгула (ќерки)

Грција:

1. Стефо Џугоманов

2. Мице Марикин

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 140–141. ISBN 9989-9819-4-9.
  3. 3,0 3,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (изд. 2016.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 463. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 331–332.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 5,15 Катиновски-Гоче, Атанас (2011). Баница (Леринско) во виорот на војните. Скопје: Сојуз на Македонците - "Македон". стр. 207. ISBN 978-608-65154-1-6.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 6,20 6,21 6,22 Катиновски-Гоче, Атанас (2011). Баница (Леринско) во виорот на војните. Скопје: Сојуз на Македонците - "Македон". стр. 103–104. ISBN 978-608-65154-1-6.
  7. Катиновски-Гоче, Атанас (2011). Баница (Леринско) во виорот на војните. Скопје: Сојуз на Македонците - "Македон". стр. 18–19. ISBN 978-608-65154-1-6.
  8. Катиновски-Гоче, Атанас (2011). Баница (Леринско) во виорот на војните. Скопје: Сојуз на Македонците - "Македон". стр. 202–203. ISBN 978-608-65154-1-6.
  9. Катиновски-Гоче, Атанас (2011). Баница (Леринско) во виорот на војните. Скопје: Сојуз на Македонците - "Македон". стр. 204. ISBN 978-608-65154-1-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]