Лажени
Лажени Μεσονήσι | |
---|---|
Координати: 40°47.30′N 21°27.46′E / 40.78833° СГШ; 21.45767° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Лерин |
Надм. вис. | 620 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 563 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Лажени (грчки: Μεσονήσι, Месониси; до 1926 г. Λάζενη, Лазени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 198 жители (2011). Во селото и денес живеат исклучиво Македонци.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во Леринското Поле, меѓу Сакулева Река (Леринска) и Менска Река,[3] 6 км источно од градот Лерин.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Лажени било чисто македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го води Лежини како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лајени (Layéni) било село до 80 домаќинства со 200 жители Македонци.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лажени имало 200 жители, сите Македонци.[6][8] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лажени (Lajani) имало 336 жители под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работело грчко училиште.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лажен се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[10]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни, со потпишувањето на Букурешкиот договор Лажени во 1913 г. е припоено кон Грција. Во 1926 селото е преименувано во Месониси.[11] Во 1920 г. селото имало само 131 жител,[3] но нивниот број се зголемил на 189 во 1928 и 328 во 1940 г.
Лажени не настрадало во Грчката граѓанска војна, и затоа во 1951 г. имало 336 жители.[3] Сепак, во 1961 г. нивната бројност опаднала на 256, а во 1971 г. на само 139 жители. Следниот период бележи извесен опоравок на бројноста, со 276 во 1981 и 288 лица 1991 г. иако населението било помалубројно, бидејќи таа година кон него се вбројани и жителите на градската населба Ж. Станица Лерин[3] На пописот во 2001 г. Лажени имало 227, а на следниот од 2011 г. се смалило на 198 лица.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 328 | 336 | 256 | 139 | 276 | 228 | 227 | 198 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Родови
[уреди | уреди извор]Како некои од родови во селото според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:[12]
- Божиновци (5 куќи) староседелци
- Крушовци (3 куќи) доселени од Крушево на крајот на XVIII век
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни производи на Лажени се житото, тутунот, јагодите, вишните и јаболката.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Леринско Поле
- Сакулева Река
- ЖС „Лажени“ — месната железничка станица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λάζενι -- Μεσονήσι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 159.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 84-85.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Милојевић, Боривоје. Јужна Македонија: антропогеографска испитивања, 1920 г.
|