Вртолом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вртолом
Άγιος Βαρθολομαίος
Вртолом is located in Грција
Вртолом
Вртолом
Местоположба во областа
Вртолом во рамките на Лерин (општина)
Вртолом
Местоположба на Вртолом во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°45.65′N 21°31.66′E / 40.76083° СГШ; 21.52767° ИГД / 40.76083; 21.52767Координати: 40°45.65′N 21°31.66′E / 40.76083° СГШ; 21.52767° ИГД / 40.76083; 21.52767
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно172
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Вртолом (грчки: Άγιος Βαρθολομαίος, Агиос Вартоломеос; до 1928 г. Βαρθολομαίος, Вартоломеос[2], до 1926 г. Βαρθολώμ, Вартолом[3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 172 жители (2011).

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Селото е наречено според празникот Вртолом во чест на Свети Вартоломеј, кое подоцна е преосмислено според поимите врти и лом, поради врнежите што се случувале на тој ден.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 9 км источно од Лерин и 5 км источно од Кучковени, во јужниот дел на Леринското Поле, на надморска височина од 670 м.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Според Тодор Симовски, селото било исклучиво македонско сè до почетокот на XIX век, кога месното население било истерано од Албанци муслимани, кои потоа им ги презеле имотите.[4]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Вртолом како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вртолом (Vrtolom) е село во Леринската каза со 300 домаќинства, од кои 540 жители Македонци[7] и 500 жители муслимани.[8] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 125 македонски и 80 муслимански домаќинства,[9] но Симовски смета дека Верковиќ е во грешка, бидејќи во ова време населението веќе било целосно албанско.[4]

На почетокот на XX век Вртолом е заведено како чисто албанско село во Леринската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 360 жители, сите Албанци муслимани.[10]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 434 жители.[4] Според пописот од 1920 г., во Вртолом живееле 487 жители, но со Лозанскиот договор од 1924 г., но и пред него, целото население, како муслиманско, е преселено во Турција и на негово место се доведени грчки доселеници од Источна Тракија и Кавказ.[11] Во 1928 г. Вртолом е преименуван во Агиос Вартоломеос.[12] Истата 1928 г. селото е евидентирано како чисто доселеничко, со 353 жители (94 семејства).[13]

Со истражувањето спроведено во 1993 г. утврдено е дека селото е чисто „бегалско“, а понтискиот грчки во него е слабо зачуван.[14]

Цркви[уреди | уреди извор]

Во селото има повеќе цркви:[15]

  • „Свети Вартоломеј“ (главна)
  • „Света Петка“
  • „Свети Вартоломеј“ (друга со исто име)
  • „Свети Архангел Михаил“
  • „Вознесение Христово“

Население[уреди | уреди извор]

Со текот на децениите, селото покажува намалување на населението, што претежно се должи на иселувањето во големите градски центри и преселбата во странство.[4] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 625 559 467 252 200 323 437 172
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вртолом, каде спаѓа и селото Станица Баница.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни производи на населението се житото и тутунот.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαρθολομαίος -- Άγιος Βαρθολομαίος
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαρθολώμ -- Βαρθολομαίος
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 146.
  5. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  9. Веркович, Стефан. Топографическо-этнографический очерк Македонии, СПб, 1889.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 250.
  11. Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998.
  12. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  14. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  15. Портал на поранешната општина Кучковени[мртва врска]