Росен
| Росен ΒΣιταριά | |
|---|---|
Поглед на селото Росен од патот кон Овчарани | |
| Координати: 40°47′N 21°23′E / 40.783°N 21.383°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Лерин |
| Општина | Овчарани |
| Заедница | |
| • Население | 714 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| Рег. таб. | ΗΜ |
Росен (грчки: Σιταριά, Ситарија, до 1926 година Ρόσνα, Росна) — леринско село во Егејска Македонија, Република Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Росен се наоѓа на ддесетина километри источно од Лерин, крај железничката пруга, расположено на надморска височина од 640 метри[1], крај реката Сакулева (Елешка). Со одлука од 1918 година тоа претеставувало самостојна општина во Леринската околија со атар кој опфаќал површина од 9 килокилометри квадратни[1].
Историја
[уреди | уреди извор]На основа на податоците запишани од Ѓорче Петров во 1896 година, селото Росен било чифлик во кое живееле 40 Македонци под духовенство на егзархијата[2]. Во своите статистики од 1900 година К’нчов го споменува селото со 400 жители, а Милоевиќ со 50 македонски куќи[1]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Росен се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[3] Селото потпаднало под власта на Грција, по Втората балканска војна во 1913 година со Букурешкиот договор. Селото било зафатено и со борби во познатата Граѓанска војна во Грција поради што 8 семејства и неколку поединци го напуштиле, пребегнувајќи во Македонија.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Росен е мошне богато село чиишто главни производи се тутун, жито и грозје[1]. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, најплодна и најскапа била земјата во атарите на селата Росен, Лажени и Попожани.
Население
[уреди | уреди извор]Селото Росен е населено само со Македонци и во етнички поглед не е променето сè до денес[1]. Во пописот од 1913 година се попишани 552 жители, а во 1920 година 805 жители[1]. Поради Граѓанската војна како и поради иселувањето во прекуокеанските земји забележан е незначителен пад на бројот на жителите, но сепак селото покажува извесна стабилност по Втората светска војна[1]. Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 805 | 805 | 847 | 733 | 714 | 736 | 814 | 708 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Поради Граѓанската војна во Грција селото го напуштиле 8 семејства и неколку поединци коишто се населиле главно во Македонија, но постои емиграција и во прекуокеанските земји[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 7 8 Симовски, Тодор (1998). „Лерински округ (X/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172–173.
- ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 445 и 467. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
| ||||||||||||||||||||||||||