Кладороби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кладороби
Кладороби is located in Грција
Кладороби
Кладороби (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Надморска височина 600


Кладороби е село во Егејска Македонија, Република Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Кладороби се наоѓа на четири километри северно од градот Лерин на самиот пат кој води од Лерин преку Драгош за Битола[1]. Сместено е под самото подножје на планината Баба на допирот со котлинското дно на Пелагонија во северозападниот крај на Леринското Поле. Расположено е на надморска височина од 600 метри при што тоа се смета за полупланинско село[1], иако неговата местоположба е повеќе низинска. Со царска наредба од 19.12.1918 тоа има статус на самостојна општина со вкупна површина на општинскиот атар од 10 квадратни километри[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Едни од најстарите пишани податоци за селото Кладороби се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото Кладороб е запишано дека имало 105 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 96 товари, јачмен до 56 товари, 'рж до 20 товари, просо, граор, бостан, лен, мед, овошје, свила од кожурци, се обработувале лозја, се чувале свињи и имало една срушена воденица за што селото остварувало свкупен приход од 8385 акчиња[2]. Овие податоци сведочат дека селото Кладороби уште во средниот век било големо, населено и богато село. Кон крајот на XIX век, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров го споменува селото Кладороби како чифлик со 40 Македонци под духовенство на патријаршијата[3]. Подоцна, во 1904 селото преминува под духовенство на егзархијата. Една година потоа, во јули 1905 година селото Кладороби е нападнато од гркоманска андартска чета која влегува во селото и го собира машкото население на селскиот плоштад каде отвора оган убивајќи 17 луѓе, за што леринскиот кајмакам другиот ден на кметот на Кладороби му изјавил „си добивте, тоа што си баравте“. По поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година, селото потпаѓа под Грција, каде во 1926 годиан го добива името Кладорахи. За време на Граѓанската војна селото Кладороби и неговото население не настрадуваат од виорот на воените дејствија. Според истражување за употребата на малцинските јазици во Леринско и Мегленско од 1993 година селото Кладороби е чисто македонско и во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво[4].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото Кладороби е полупланинско и многу сиромашно, така што одвај ги обезбедува нужните производи за опстанок[5]. Во котлинското дно најмногу успеваат житата и градинарските култури.

Население[уреди | уреди извор]

Селото Кладороби од секогаш било чисто македонска населба и во тој поглед нема претрпени никакви етнички промени[1]. Во статистиките на Васил К'нчов се споменува како населба со 340 жители, а во 1913 година се попишани 346 жители. Кладороби забележува пораст на бројот на населението па такаво 1920 година се попишани 361 жител, во 1928 407, а во 1940 година 530 жители. Бидејќи селото Кладороби не настрадало во Граѓанската војна во 1951 година биле попишани 508 жители, меѓутоа поради претерано иселување во прекуокеанските земји бројот на населението започнал значително да опаѓа па така во 1961 тоа речиси се преполовило и опаднало на 290 ѓители, во 1971 на 119, во 1981 на 107, а во 1991 година на само 85 жители.

години население
1928 407
1940 530
1951 508
1961 290
1971 119
1981 107
1991 85

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Најголем дел од населението се иселило во прекуокеанските земји и тоа најмногу во Австралија и Канада.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски Христов, Тодор (1998) (на македонски). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 156. ISBN 9989-9819-4-9. 
  2. Соколоски, Методија (1973) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 303-304. 
  3. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 466. ISBN 978-608-245-113-8. 
  4. Van Boeschoten, Riki (2001). "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)" (француски). Strates. конс. 23 февруари 2016. 
  5. Симовски, Тодор (1998). „Х“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. Скопје: Институт за национална историја. стр. 156.