Нов Кавказ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нов Кавказ
Νέος Καύκασος
Нов Кавказ is located in Грција
Нов Кавказ
Нов Кавказ
Местоположба во областа
Нов Кавказ во рамките на Лерин (општина)
Нов Кавказ
Местоположба на Нов Кавказ во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°53.45′N 21°28.30′E / 40.89083° СГШ; 21.47167° ИГД / 40.89083; 21.47167Координати: 40°53.45′N 21°28.30′E / 40.89083° СГШ; 21.47167° ИГД / 40.89083; 21.47167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000605000000605 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно229
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нов Кавказ (грчки: Νέος Καύκασος, Неос Кавкасос) — новоосновано доселеничко село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 229 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 14 км североисточно од градот Лерин, на северниот крај на Леринското Поле, близу до границата со Р. Македонија. Лежи на надморска височина од 605 м, а атарот му зафаќа 14 км2[2] Неколку стотини метри источно од селото минува Јелашка Река (Сакулева).

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата е создадена во 1920-тите и населена со Грци доведени од Кавказ, како бегалци од градот Карс, денес во североисточна Турција. Се смета дека поставувањето на населбата толку блиску до границата било направено од чисто политички побуди, особено што сите околни села се населени исклучиво со Македонци.[2]

Во 1928 г. селото имало 604, а во 1940 г. населението се накачило на 856 жители. Како последица на Граѓанската војна бројот на жителите опаднал и продолжил да опаѓа со иселувањето на жителите во поголемите градски центри поради тешките услови за живеење и немањето на вода за пиење.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 856 565 478 353 348 334 412 229
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нов Кавказ, каде тоа е единствено населено место.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165.