Крушоради

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крушоради
Αχλάδα
Црквата „Св. Спиридон“ во Крушоради
Црквата „Св. Спиридон“ во Крушоради
Крушоради is located in Грција
Крушоради
Крушоради
Местоположба во областа
Крушоради во рамките на Лерин (општина)
Крушоради
Местоположба на Крушоради во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°51.68′N 21°36.81′E / 40.86133° СГШ; 21.61350° ИГД / 40.86133; 21.61350Координати: 40°51.68′N 21°36.81′E / 40.86133° СГШ; 21.61350° ИГД / 40.86133; 21.61350
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаОвчарани
Надм. вис.&10000000000000730000000730 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно271
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Крушорадисело во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 271 жител (2011). Сè до 1940-тите селото било исклучиво македонско, но поради теророт и иселувањето, денес тие се малцинство, а мнозинството го сочинуваат колонисти од Епир.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Леринско Поле, на северозападните падини на Кајмакчалан, на надморска височина од 730 м.[2] Во непосредна близина на Крушоради е границата со Р. Македонија. Низ Крушоради тече Стара Река, во мала котлина меѓу планините Старков Гроб од север и Мала Ниџе од исток.

Двете соседни села Јуруково (Јурко) и Горно Крушоради традиционално се сметаат за маала на Крушоради. Горно Крушоради било Горно, сегашното Крушоради било Средно, а Јуруково било Долно Маало.[2] Со тек на времето, селото станало чифлик на турскиот бег Феин и така останале долго време, освен Јуруково, кое успеало да си го откупи имотот.[3]

За ова сведочи Христо Силјанов во 1902 г.:

Крушоради има три маала. Двете се чифлици со беговска кула, кехаи и пазачи Арнаути, а третото, наречено и Јуруко, е нешто како одделно село со триесетина куќи.[4]


Историја[уреди | уреди извор]

Преданијата велат дека првобитното населено место всушност било утврдената населба Крушовград понасевер од денешното село, во денешната месност Грамада. Месноста е така наречена поради купиштата големи грамадни камења кои опстоиле како сведоштво од некогашната тврдина.[3]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во XV век за селото Крушовец, Костурско по име се заведени 36 глави на домаќинства.[5] Во даночните регистри на немуслиманското население на Леринскиот волает од 1626-1627 г. селото се води како Крушорад со 61 домаќинства.[6] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го води Крушораде како македонско село.[7][8] Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Крушово (Krouchovo) има 40 домаќинства со вкупно 115 жители, Македонци.[9][10]

Во 1899 г. во Крушоради е втемелена Македонската организација под раководство на Крсте Канзуров, Атанас Балов, Филип Гоговчев и Ѕоле Весов - Кардако.[3]

На почетокот на XX век Крушоради се води како чисто македонско село во Леринската каза. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Крушоради (Горно и Средно) живееле 650, а во Јурук (Јуруково) — 216 Македонци[9] христијани.[11] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крушоради се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 77 куќи.[12]

Жителите на Крушоради зеле масовно учество во Илинденското востание во организација и под раководство на учителката Ката Неданчева.[3]

По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 760 Македонци[9].[13] Милоевиќ го води со 60 македонски куќи.[2]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 606 жители (без Јуруково).[2] Во 1920 г. селото имало 573 жители,[2] а во 1926 г. е преименувано во Ахлада,[14] што е буквален превод

Втора светска и Граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Во меѓувоениот период, 40 жители на селото се иселиле во прекуокеанските земји, некои од нив повлекувајќи ги своите семејства.[2] Во Втората светска војна и за време на Граѓанската војна селото дало преку 50 жртви, од кои дури 43 активни борци.[2] Поради големиот терор врз населението, од Крушоради побегнале 114 семејства, некои во Р. Македонија, а некои во источноевропските земји, па така во сталото останале само 30 семејства. На место на иселените жители, грчките власти населиле колонисти од Епир, кои ја приграбиле земјата на пребегнатите Македонци.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Наведеното население во државните пописи обично се однесува на Горно и Средно Крушоради. Пописите од 1951 и 1961 г. ги опфаќаат и жителите на Јуруково (Долно Крушоради.[2] Горно Крушоради се брои како посебно населено место дури во поново време. Големото намалување на населението дошло со иселувањето на населението во странство и поголемите градски центри.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 967 361 534 240 313 305 301 271
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Овчарани со седиште во Неокази, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Крушоради, каде спаѓаат и селата Горно Крушоради и Јуруково. Целиот општински оддел традиционално се сметал за едно село со три маала.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на Крушоради се занимава претежно со сточарство и земјоделство, а во непосредна близина рудникот за лигнит, отворен во 1927 г., во кој работат дел од селаните.[2]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Крушоради
Со потекло од Крушоради

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Крушоради (Леринско)“. Македонска Ризница (20): 21–24. март 2014. ISSN 1857-9314 Проверете ја вредноста |issn= (help).
  4. Силјанов, Христо. Писма и исповеди на един четник, Софија, 1902, стр. 294.
  5. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  6. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 333.
  7. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.
  8. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
  9. 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  11. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  12. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  13. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 176-177.
  14. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. 15,0 15,1 15,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  17. 17,0 17,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.