Елово (Леринско)
Елово Ελάτεια | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°40.29′N 21°26.20′E / 40.67150°N 21.43667°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Кучковени |
Надм. вис. | 1.040 м |
Население | |
• Вкупно | напуштено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Елово или Елеово (грчки: Ελάτεια, Елатија; ; до 1926 г. Έλλοβον, Еловон[1]) — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин во истоимениот округ на областа Западна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото било сместено на Которска Река (Белкаменска или Менска Река) на Нередска Планина, 16 км јужно од Лерин.
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло на името
[уреди | уреди извор]Во постаро време ова било македонско село, чии жители го напуштиле заради зулумите на разбојничките банди.[2] Наречено е по елите кои растеле на подрачјето.
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Елово било село во Леринската каза, чии жители биле Албанци-Тоски (Арванити) од христијанска вероисповед,[2] доеселени од Епир на местото на иселените Македонци. Поради неговата близина до поголемото село Бел Камен (кое ја доживеало истата демографска промена), тоа неформално станало негово маало.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Елово е наведено двапати — еднаш како Елево (Elévo), село во Леринската каза со 50 домаќинства и 135 жители Македонци, а вторпат како Елово (Elovo), село во Костурската каза со 40 домаќинства и 130 жители Албанци.[4][5] Првиот податок веројатно е постар, и се однесува на времето кога селото сè уште било македонско.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Елово живееле 40 Арнаути христијани. Селото било чифлик и населението постојано се иселувало во Лерин, Бел Камен и Негован.[6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елово (Elovo) живееле 48 Албанци.[7] Согласно сознанијата на Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Елово се состоело од 6 албански куќи.[2]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 125 жители.[2] Во 1920 г. во него се забележани само 52 жители, веројатно поради постојаните иселувања и војните. За 1928 г. не постои одделна статистика, бидејќи Елово било вброено во Бел Камен. Во 1940 г. бројот на населението закрепнал, и тука живееле 125 лица. Сепак, жителите редовно се иселувале по други места со своите семејства поради нивното занимање — градежништвото.[2]
За време на Граѓанската војна селото наполно настрадало и е напуштено од жителите, кои се преселиле во Бел Каменм каде државата им изградила нови куќи.[2]
Личности
[уреди | уреди извор]- Димитар Касев (Касов, 1892 – 1912) — борец во Првата балканска војна од Костурската соединета чета[8][9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Έλλοβον -- Ελατιάς
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 153.
- ↑ „Η Ιστορία της Δροσοπηγής (Μπελκαμένης) Φλώρινας“. Florina History. 18 април 2011. Посетено на 1 јануари 2016.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85 и 110-111.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.250.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 341.
- ↑ Силянов, Христо. От Витоша до Грамос, Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., I. изд. Костурско благотворително братство — София, 1920, стр. 584.
|