Долно Каленик
Долно Каленик Κάτω Καλλινίκη | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°51.53′N 21°27.59′E / 40.85883°N 21.45983°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Долно Клештино |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 85 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Долно Каленик (грчки: Κάτω Καλλινίκη, Като Калиники; до 1926 г. Κάτω Κάλενικ, Като Каленик[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во северозападниот крај на Леринското Поле, близу границата со Р Македонија. Лежи на левиот брег на Стара Река, 11 км североисточно од Лерин и 7 км источно од Долно Клештино. Селото е од растурен тип, и куќите се оддалечени една од друга.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Долно Каленик било чисто македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Каљник како македонско село.[4][5] На етничката карта на Вардарската Долина од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Долно Каленик како македонско село.[4][6] ВО „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каленик (Kalénik) имал 90 домаќинства со 254 жители Македонци.[7][8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Горно и Долно Каленик имало 394 жители Македонци.[7][9] По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзаргискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 120 Македонци под егзархијата.[7][11]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Каленик се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[12]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 120 жители[3]. Во овој период, Боривое Милоевиќ го спомнува со 15 македонски домови. Во 1920 г. Долно Каленик имало 127 лица, а неколку години подоцна властите доселиле 24 грчки дојденци од Понд. Во 1928 г. Каленик (Горно и Долно) броело 253 жители, од кои 88 лица (24 семејства) биле грчки дојденци.[13] Во 1926 г. селото е преименувано во Като Каленики, што е проста грцизација на македонското име.
Во 1940 г. Долно Каленик имало 368 жители, но за време на Граѓанската војна повеќе Македонци пребегнале во Р Македонија и источноевропските земји. Така, во 1951 г. населението се намалило на 35 жители, кои продолжиле да се смалуваат во 1960-тите период поради иселувања во прекуокеанските земји.[3] Иселувањата продолжиле и понатаму, така што селото денес е многу помало отколку во предвоениот период.
Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано „дојденско-словенојазично“, во кое македонскиот јазик и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво.[14]
Личности
[уреди | уреди извор]- Ристо Шиката — деец на МРО, роден во Горно или Долно Каленик, војвода на чета во реонот на Алексо Џорлев за време на Илинденското востание[15]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 368 | 315 | 255 | 226 | 125 | 112 | 145 | 85 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото се смета за прилично сиромашно. Дури и водата за пиење е бунарска и не е добра.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Κάλενικ -- Κάτω Καλλινίκη
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 150.
- ↑ 4,0 4,1 Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
- ↑ Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84 – 85.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176 – 177.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Riki Van Boeschoten. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 146.
|