Прејди на содржината

Западна Македонија (Грција)

Координати: 40°24′N 21°30′E / 40.4° СГШ; 21.5° ИГД / 40.4; 21.5
Од Википедија — слободната енциклопедија
Западна Македонија
Δυτική Μακεδονία
Областа во рамките на Грција
Областа во рамките на Грција
Поделба на областа Западна Македонија
Поделба на областа Западна Македонија
Земја Грција
Децентрализирана управаЕпир и Западна Македонија
СедиштеКожани
Окрузи
Управа
 • УправникТеодорос Карипидис (независен)
Површина
 • Вкупна9.451 км2 (3,649 ми2)
Население (2011)[1]
 • Вкупно283.689
 • Густина30/км2 (78/ми2)
ISO 3166GR-C
ИЧР (2017)0,867[2]
многу висок · 3.
Мреж. местоpdm.gov.gr

Западна Македонијаобласт во северна Грција, која се протега во западниот дел на Егејска Македонија.

Според административна реформа од 1 јануари 2011 г. Грција е поделена на 13 области (со поранешен назив периферии), кои понатаму се поделени на окрузи, а пак тие на општини.

Според оваа реформа регионот Западна Македонија е поделен на 4 окрузи: Гребен, Лерин, Костур и Кожани, кои пак се поделени на вкупно 12 општини. Вклучува неколку поголеми градови, меѓу кои спаѓа и главниот град на областа — Кожани, како и градовите Костур, Лерин и Гребен.

Општини во Западна Македонија со нивното население[3]
Општина Грчки Население Седиште
Велвендо Δήμος Βελβεντού &100000000000030600000003.060 Велвендо
Горуша Δήμος Βοΐου &1000000000001508000000015.080 Сачишта
Гребен Δήμος Γρεβενών &1000000000002144000000021.440 Гребен
Дескати Δήμος Δεσκάτης &100000000000052050000005.205 Дескати
Еордеја 1 Δήμος Εορδαίας &1000000000004241400000042.414 Кајлари
Кожани Δήμος Κοζάνης &1000000000006716100000067.161 Кожани
Костур Δήμος Καστοριάς &1000000000003322700000033.227 Костур
Лерин Δήμος Φλώρινας &1000000000002961100000029.611 Лерин
Нестрам Δήμος Νεστορίου &100000000000021880000002.188 Нестрам
Преспа Δήμος Πρεσπών &100000000000012200000001.220 Р’мби
Рупишта Δήμος Ορεστίδος &1000000000001063300000010.633 Рупишта
Серфиџе Δήμος Σερβίων &100000000000094840000009.484 Серфиџе
Суровичево Δήμος Αμυνταίου &1000000000001433100000014.331 Суровичево

1 Општината е наречена по истоимената древномакедонска област, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 160 населени места и сочинуваат околу 24% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 67.000 Македонци.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Demographic and social characteristics of the Resident Population of Greece according to the 2011 Population - Housing Census revision of 20/3/2014“ (PDF). Hellenic Statistical Authority. 12 September 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-08. Посетено на 2019-04-14.
  2. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
  3. Исход од пописот 2021 (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]