Турје (Леринско)
Турје Κορυφή | |
---|---|
Координати: 40°42.18′N 21°18.6′E / 40.70300° СГШ; 21.3100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Лерин |
Надм. вис. | 1,517 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 0 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Турје грчки: Κορυφή, Корифи, до 1927 г. Τούρια, Турија[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. На пописот од 2011 г. немало ниеден жител.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Турје се наоѓа на југозападните падини на планината Вич на надморска височина од 1440 метри, на самиот врв Чаталака[3]. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, Ѓорче Петров дава детален опис на местоположбата и околината на Турје кое го лоцира> на југоисток од Трсје на 1 ½ час на врвот на разделот – чатал кој се образува од Вич и Каменик на југозападната падина на Вич е сместено селото Турје (во Костурската каза и Костурската епархија)[4]. Поточно е ако се каже дека тоа е расположено на билото меѓу Вич и Каменик отколку во долината на тие два разграноци[4]. Селаните не паметат ниту еден ден од годината без да има ветер на тоа место. На 2 мај кога го посетив тоа село, дрвјата уште беа покриени со снег[4]. Влезот на селото беше покриен со снег дебел еден метар. Иако сонцето печеше силно, ние слободно одевме горе врз снегот. Од Лерин за Турје се оди по трсјанскиот пат. Околу Турје Вич е гол. Врвот Каменик е обраснат со млада букова шума. Реката е проста вадичка, но подолу од Турје со неа се присоединуваат други вадички од Вич и така се собира рекичка на којашто може да меле воденица со еден камен[4]. Од Турје по реката на југ се излегува во Кономлади, Поздивишта и Жервени (македонско- муслиманско село) во Костурската каза. Колски пат нема и не може да се направи[4].
Историја
[уреди | уреди извор]Селото Турје како дервенџиско село се среќава во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде е запишано дека вкупно имало 28 христијански македонски семејства кои произведувале пченица и јачмен за што селото остварувало свкупен приход од 1135 акчиња[5] На основа на податоците од записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото се состоело од 60 куќи со околу 400 души жители сите Македонци под духовенство на Егзархијата[4]. Повеќето куќи биле покриени со плочи. Некогаш селото било понајугозапад и се викало Рудина. Селото Рудина било раселено од арамии пред 220 години (денес 340) и стоело 90 години пусто[4]. После некојси Митре Калчук со помош на некои бегови успеал да собере 7 од разбеганите семејства и го основал сегашното село Турје[4]. Зошто го нарекле Турје не се знае[4]. Беговите ги натерале блиските села на новото село да му изградат црква којашто и во тоа време стоела таква недоправена каква што ја направиле тогаш на ангарија[4]. Селото Турје многу настрадало за време на Граѓанската војна, во која покрај дадените жртви повеќе семејства и поединци биле принудени да побараат прибежиште во Македонија и во некои од источноевропските земји[3].
Име | Име | Ново име | Ново име[6] | Опис |
---|---|---|---|---|
Каменик[7] | Κάμενικ | Антиполохагу Панайоту Йоану | Άνθυπολοχαγού Παναγιώτου Ίωάννου[6] | врв на Вич на СЗ над Турје и на И од Горна Статица (1594,7 м)[7] |
Тумбите[7] | Τούμπιτε | Македономаху Пирза | Μακεδονομάχου Πύρζα[6] | врв на Вич на З над Турје и на И над Статица (1591 м)[7] |
Киселица | Κισέλετσα | Кинитрес | Ξινήθρες[6] | |
Чаулчето[7] | Τσαούλτσετο | Андисиндагматарху Скиадопулу | Άντισυνταγματάρχου Σκιαδοπούλου[6] | врв на Вич на И над Турје (1685 м)[7] |
Плочите[7] | Πλότσιτε | Антиполохагу Иоаниди Кенофондас | Άνθυπολοχαγού Ίωαννίδη Ξενοφώντος[6] | врв на Вич на ЈЈИ од Турје (1564,5 м)[7] |
Турјанска Река[7] | Τουργιάντσικα | Корифиотико | Κορυφιώτικο[6] | реката на Турје, во сливот на Рулска Река[7] |
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Според народното предание селото го добило името Турје поради принудното иселување од првобитната населба „со туркање“[3].
Стопанство
[уреди | уреди извор]Почвата е црвеникава и нелеплива орница[4]. Тука се раѓа многу малку ’рж, грав, овес и коноп[4]. На крајот на XIX век, вишокот на производството на селото Турје се продавал за 12.000 грошеви[4]. Исто така, во тоа време, жителите на ова село биле печалбари[4].
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 443 | 198 | 219 | 115 | 112 | 0 | 5 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1961 година во Македонија се иселиле 18 семејства, 15 семејства се иселиле во источноевропските земји, 44 семејства во Австралија и 8 семејства во Канада[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Лерински округ (Х/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 178.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 463. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 382.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 648. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1779. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|