Лерин (округ)
Лерин Περιφερειακή ενότητα Φλώρινας | |
---|---|
Округ | |
Општини во Лерин | |
Лерин во рамките на Грција | |
Координати: 40°45′N 21°25′E / 40.750° СГШ; 21.417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Админ. центар | Лерин |
Површина | |
• Вкупна | 1.924 км2 (743 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 48.464 |
• Густина | 25/км2 (65/ми2) |
Пошт. бр. | 53x xx |
Пов. бр. | 238x0, 246x0 |
ISO 3166 | GR-63 |
Рег. таб. | ΡΑ |
Мреж. место | florina.gr |
Лерин (грчки: Περιφερειακή ενότητα Φλώρινας) — округ во Егејска Македонија, денес Грција. Се наоѓа во северозападниот дел на областа Западна Македонија. Административен центар е градот Лерин.
Во овој округ се смета дека живеат голем број Македонци, а според партијата „Виножито“ тие претставуваат 75 % од вкупното население.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Се граничи со окрузите Постол на исток, Кожани на југ, Костур на југозапад, Албанија (окрузите Девол и Горица) на запад, Преспанското Езеро на северозапад и Република Македонија (општините Битола и Ресен) на север. Реката Бистрица тече на југозапад.
Поголеми планини во округот се планините Нередска Планина (2.128 м) на југозапад, Баба (2.117 м) и Ниџе (2.524 м) на североисток.
Демографија
[уреди | уреди извор]Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 70 населени места и сочинуваат околу 69% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 35.500 Македонци.
Земјоделство
[уреди | уреди извор]Земјоделството е една од главните стопански гранки во округот. Главните производствени гранки се пиперки и праски.
Интересни места
[уреди | уреди извор]Комуникации
[уреди | уреди извор]- ЕРА Лерин - ЕРА гранка, мреж. место Архивирано на 27 август 2006 г.
Соообраќај
[уреди | уреди извор]Низ округот минуваат следниве патни и железнички сообраќајници:
- Патишта
- Државен пат ЕО2 (Албанија - Смрдеш - Лерин- Воден - ...)
- Државен пат ЕО3 (Македонија - Негочани - Лерин - Суровичево - Кожани - ...)
- Државен пат ЕО 15 (Герман - Костур - ...)
- Железници
Општини
[уреди | уреди извор]Округот Лерин се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата)::[2]
- Лерин (Флорина) (1)
- Преспа (Преспес) (3)
- Суровичево (Аминдео) (2)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лерин (округ)“ на Ризницата ? |
- www.florina.gr (грчки)
- www.macedonianpark.com Архивирано на 14 јануари 2012 г.
- www.mcm.aueb.gr Архивирано на 11 мај 2009 г.
- Куќите на Лерин
- [1] Архивирано на 8 декември 2006 г. (грчки)
- http://directory.google.com/Top/World/Greek/Τοπικά/ Архивирано на 13 август 2007 г. ] (грчки)
- http://www.istoselides.gr/news/article.php?sid=2319 Архивирано на 7 март 2006 г. ] (грчки)
|
|