Смрдеш
Смрдеш Κρυσταλλοπηγή | |
---|---|
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Смрдеш | |
Координати: 40°38.20′N 21°05.00′E / 40.63667° СГШ; 21.08333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Смрдеш |
Надм. вис. | 1,130 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 111 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Смрдеш (грчки: Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги; до 1927 г. Σμαρδέσι, Смардеси[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 111 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Смрдеш се наоѓа 51 км југозападно од Лерин и 38 км северозападно од Костур, во подножјето на планината Орлово во состав Корбец, во областа Корешта. Лежи на надморска височина од 1.130 м. Три километри од селото се наоѓа границата со Албанија и граничниот премин Смрдеш-Капештица. Селото е смстено на каменливиот и гол терен на Смрдешкиот Проод
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско време
[уреди | уреди извор]Селото важи за многу старо. Според преданијата, населението на Смрдеш е доселено од Девол (денес во Албанија), за да го избегнат малтретирањето од исламизираните Албанци и да ја зачуваат верата.[3] Селото изворно се наоѓало во месноста Селиштето, но подоцна е изградено на друго место поради епидемија на чума. Се смета дека местото го добило името по минералниот извор Смрдлива Вода.[3] Смрдеш првпат се споменува во документите од 1530 г. како Исмирдеш со 53 домаќинства[4]
Кон крајот на XIX век Смрдеш било прилично големо македонско село со незначителено малку гркомани кои ја воделе месната црква. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смрдеш (Smrdesh) било село во Костурската каза со 460 домаќинства и вкупно 1.300 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смрдеш имал 1.780 жители Македонци.[5][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Смрдеш се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 295 куќи.[8]
Во селото работеле две странски пропаганди — грчката и бугарската. Според грчки податоци (поради тоа, сомнителни) во селото имало 190 семејства под врховенството на Цариградската патријаршија и 180 семејства под Бугарската егзархија. Бугарската пропаганда стекнала апсолутна превласт, така што во 1903 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија, како и останатите костурски села. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 2.360 жители, сите под егзархијата.[9]
Илинденски период
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 1900 г. жителите на селото, заедно со оние на Д’мбени, играле водечка улога во борбите на Македонската револуционерна организација. На 8 кон 9 мај 1903 г. на селото е извршен ѕверски напад од турската војска поради тоа што во него населението ја криеле четата на Борис Сарафов. Во нападот се убиени 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца), запалени се 300 куќи, 2 училишта и 19 дуќани. Притоа ранети се уште 50 луѓе и 35 жени се силувани. Без покрив останале 1.500 жители. Истата година селската учителка Викторија Михајлова од Прилеп го извезла знамето на Косинската чета[10]. За време на Илинденското востание, селото е повторно ограбено, многу жители се погубени, а на други им се исечени ушите.[11]
Во 1903 г. во куќата на Иљо Истанин, револуционерот Лаки Поповски направил бомболеарница и склад, која по опожарувањето на селото ја преместил во Д’мбени[12].
Првиот бран на иселување на населението во САД, Канада и Австралија се случил по 1903 г.[3] поради големото обездомување и страшните насилства врз населението. Во 1906 г. во Медисон, Илиноис доселнениците од Смрдеш основале добротворно и просветно друштво, наречено „Пандо Кљашев“[13].
На почетокот на април 1908 г. властите извршиле рација на селото, вршејќи насилства и мачења.[14] Според Георги Трајчев, во 1911/1912 г. во Смрдеш имало 209 куќи со 989 жители и работело училиште со 3 учители.[15] Според Георги Константинов Бистрицки, пред Првата балканска војна Смдреш имал 350 куќи, сите македонски.[5][16]
За време на Првата балканска војна, доста жители се регрутирани за борба на бугарска страна.[17]
Припојување кон Грција
[уреди | уреди извор]Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.488 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел Смрдеш како село со 240 македонски куќи.[3] По Првата светска војна доста жители на Смрдеш се иселиле во Бугарија и во градот Лерин. Така, во 1920 г. населението се свело на 780 жители.[3]
Во 1927 г. грчката власт го преименувала селото во Кристалопиги, а во 1928 г. повторно се намалило, овојпат на 598 жители.[3]
Втора светска и Граѓанска војна
[уреди | уреди извор]Населението на Смрдеш зело масовно учество во антифашистичките борби од 1940 до 1949 г.[3] Селото дало значајни жртви во Втората светска војна, за подоцна, за време на Граѓанска војна во 1949 г. да биде срамнето со земја[3] од грчката монархистичка власт. Поради ова, сите жители се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји, па така во 1951 г. е заведено како напуштено.[3] Преселници имало и во Лерин и Костур.[3]
Подоцна, грчките власти тука населиле номадски влашки семејства од Теспротија и околината на Превеза, кои се населиле и во соседните напуштени македонски села како В’мбел, Косинец и Д’мбени. Така, во 1993 г. селото е заведено како чисто влашко.[18]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 624 | 0 | 364 | 309 | 265 | 213 | 573 | 314 | 111 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Смрдеш, каде е единственото населено место.
Цркви
[уреди | уреди извор]Во селото има четири цркви:
- „Свети Бессребреници“ (мошне стара)
- „Свети Димитрија“ (1870)
- „Св. Ѓорѓи“ (1890)
- „Успение на Пресвета Богородица“ (1970)
Стопанство
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Васил Чакаларов (1874-1913) — војвода на МРО
- Стерјо Стерјовски (1876-1905) — војвода на МРО
- Пандо Кљашев (1882-1907) — војвода на МРО
- Гаврил Константинович, роден Гаврил Костадинов Тасев (1881-1918) — македонски лекар, национален деец и учесник во Октомвриската револуција
- Лазо Ковачевски — првоборец
- Атанас Коровешов (1918-1945) — комунистички деец, ракводител на НОФ
- Ламбро Чолаков (? - 13. 1. 2001) — македонски национален деец, член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија и секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско и Преспанско.
- Филип Трпов Караџа — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Јанула Ралева (1927-?) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.
Војводи од Смрдеш
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Смрдеш“ на Ризницата ? |
- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σμαρδέσι - Κρυσταλλοπηγή
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 175–176.
- ↑ harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 118.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ „Милетич, Любомир. Борбата въ Костурско и Охридско (до 1904 г.). По спомени на Иван Попов, Смиле Войданов, Деян Димитров и Никола Митрев, Македонски научен институт, София,1926, стр. 39“. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 2016-03-13. no-break space character во
|title=
во положба 59 (help) - ↑ Македония и Одринско (1893-1903). Мемоар на Вътрешната организация, 1904, с. 203
- ↑ Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 г., Съставители Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, Библиотека „Българска памет“, стр. 203, 207, 232, 234.
- ↑ Трайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка, София 1993, с. 148
- ↑ Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
- ↑ Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 212.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 879.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
|