Гребен (општина)
Општина Гребен Δήμος Γρεβενών | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Гребен |
Гео. област: | |
Население: | 30 564 (2001) |
Седиште: | Гребен |
Нас. места: | 100 |
Пошт. бр.: | 512 00 |
Пов. бр.: | 24620-3 |
Портал: | dimosgrevenon.gr/ |
Гребен (грчки: Δήμος Γρεβενών, Димос Гревенон) — општина во Гребенскиот округ на југозападот на Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Административен центар е градот Гребен (Гревена). Некои од селата во оваа општина традиционално се сметаат за кожански.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Гребен е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на 13 стари административни единици — општините Гребен (Гревена), Венци (Венѕи), Ираклеотес, Чирак (Агиос Козмас), Горѓани, Теодорос Зјакас и општинските целини Авдела, Месолово (Месолури), Периволи, Самарина, Филипишта (Филипеи), Дуско (Доцико) и Смикси.
Напомена: Три од горенаведените единици имаат новодадени грчки имиња што не соодветствуваат на ниеден топоним, и тоа: Горѓани, Ираклиотес и Теодорос Зјакас. Горѓани е наречена по манастир изграден во XX век, а единицата Теодорос Зјакас е наречена по херој од Грчката војна за независност.
Општинска единица Авдела[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската целина Авдела (Κοινότητα Αβδέλλας) се состои од само едно населено место — Авдела или Абдела (Αβδέλλα) и има 448 жители.
Општинска единица Венци[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Венци (Δήμος Βεντζίου) со седиште во Коприва (Книди) има население од 2957 жители и ги опфаќа следниве 16 населени места:
- Општински оддел Коприва (1046 жители)
- Општински оддел Венци (306 жители)
- Општински оддел Оксарх (179 жители)
- Општински оддел Палеохор
- село Палеохор (Παλαιοχώρι) (388 жители)
- Општински оддел Пилори
- село Пилори (Πυλωροί) (146 жители)
- Општински оддел Саракин (570 жители)
- Општински оддел Ториште
- село Ториште (или Торишта; Ποντινή, Пондини) (322 жители)
Општинска единица Горѓани[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Горѓани (Δήμος Γόργιανης) со седиште во Кипурѓо (Кипурио) има население од 1707 жители и ги опфаќа следниве 7 населени места:
- Општински оддел Кипурѓо
- село Кипурѓо (или Кипурјо; Κηπουρείο, Кипурио) (437 жители)
- Општински оддел Балтино (335 жители)
- Општински оддел Житово
- село Житово (или Ситово; Σιταράς, Ситарас) (84 жители)
- Општински оддел Лабаница
- село Лабаница (Μικρολίβαδο, Микроливадо) (96 жители)
- Општински оддел Пигадица
- село Пигадица (Πηγαδίτσα) (166 жители)
- Општински оддел Турија
- село Турија (Κρανιά, Кранија) (589 жители)
Општинска единица Гребен[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Гребен има население од 15 481 жител и ги опфаќа следниве 29 населени места:
- Општински оддел Гребен (10 477 жители)
- Општински оддел Агии Теодори (520 жители)
- Општински оддел Гоблар (387 жители)
- Општински оддел Големо Серин (858 жители)
- село Големо Серин (Μέγα Σειρήνιο, Мега Сиринио) (696 жители)
- село Мало Серин (Μικρό Σειρήνιο, Микро Сиринио) (192 жители)
- Општински оддел Добрани (362 жители)
- Општински оддел Добратово
- село Добратово (Βατόλακκος, Ватолакос) (386 жители)
- Општински оддел Калоки (236 жители)
- Општински оддел Киркали
- село Киракали (Κυρακαλή) (163 жители)
- Општински оддел Конско (Гребен) (269 жители)
- село Конско (Ελεύθερο, Елевтеро) (81 жител)
- село Елевтеро Просфигон (Ελεύθερο Προσφύγων) (188 жители) новосоздадено
- Општински оддел Пикровеница (854 жители)
- село Пикровеница (Αμυγδαλιές, Амигдалиес) (714 жители)
- село Агија Тријада (Αγία Τριάδα) (93 жители) новосоздадено
- село Вич (или Бич; Λόχμη, Лохми) (47 жители)
- Општински оддел Радовиште
- село Радовиште (Ροδιά, Родија) (383 жители)
- Општински оддел Тривешт
- село Тривешт (или Тривиш; Σύνδενδρο, Синдендро) (345 жители)
- Општински оддел Фал (371 жител)
Општинска единица Дуско[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската целина Дуско (Κοινότητα Δοτσικού) се состои од само едно населено место — Дуско (Δοτσικό, Доцико) и има 187 жители.
Општинска единица Ираклеотес[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Ираклеотес (Δήμος Ηρακλεωτών) со седиште во Чурхли (Агиос Георгиос) има население од 3080 жители и ги опфаќа следниве 10 населени места:
- Општински оддел Чурхли
- село Чурхли (Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос) (824 жители)
- Општински оддел Дурвуништа (171 жител)
- село Дурвуништа (или Дервеништа; Κληματάκι, Климатаки) (156 жители)
- село Критарак (Κριθαράκια, Критаракија) (15 жители)
- Општински оддел Конско (Бистрица)
- село Конско (Ταξιάρχη, Таксикархис) (408 жители)
- Општински оддел Кривци
- село Кривци (Κιβωτός, Кивотос) (708 жители)
- Општински оддел Милеја
- село Милеја (Μηλέα) (306 жители)
- Општински оддел Спата
- село Спата (Πολύδενδρο, Полидендро) (250 жители)
- Општински оддел Стихази (155 жители)
- село Стихази (Αηδόνια, Ајдонија) (136 жители)
- село Палеокоприја (Δασάκι, Дасаки) (19 жители)
- Општински оддел Сувин (258 жители)
- село Сувин (Κοκκινιά, Кокинија) (229 жители)
- село Нов Трабзон (Νέα Τραπεζούντα, Неја Трапезунда) (29 жители) новосоздадено
Општинска единица Месолово[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската целина Месолово (Κοινότητα Μεσολουρίου) се состои од само едно населено место — Месолово (Μεσολούρι, Месолури) и има 139 жители.
Општинска единица Периволи[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската целина Периволи (Κοινότητα Περιβολίου) се состои од само едно населено место — Периволи (Περιβόλι) и има 454 жители.
Општинска единица Самарина[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската целина Самарина (Κοινότητα Σαμαρίνας) се состои од само едно населено место — Самарина (Σαμαρίνα) и има 701 жител.
Општинска единица Смикси[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската целина Смикси (Κοινότητα Σμίξης) се состои од само едно населено место — Смикси (Σμίξη) и има 509 жители.
Општинска единица Теодорос Зјакас[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Теодорос Зјакас (Δήμος Θεόδωρου Ζιάκα) со седиште во Мавран (Мавранеи) има население од 2855 жители и ги опфаќа следниве 17 населени места:
- Општински оддел Мавран (442 жители)
- село Мавран (или Мавроништа; Μαυραναίοι, Мавранеи) (229 жители)
- село Мавронорес (Μαυρονόρος, Мавронорос) (136 жители)
- село Палеохор (Σταυρός, Ставрос) (77 жители)
- Општински оддел Воденско
- село Воденско (Πολυνέρι, Полинери) (221 жител)
- Општински оддел Вреаштино
- село Вреаштино (Αναβρυτά, Анаврита) (43 жители)
- Општински оддел Делвино
- село Делвино (Πρόσβορρο, Просворо) (186 жители)
- Општински оддел Залово (234 жители)
- Општински оддел Козмат
- село Козмат (Κοσμάτι, Космати) (330 жители)
- Општински оддел Лавда
- село Лавда (Λάβδας, Лавдас) (132 жители)
- Општински оддел Монахит
- село Монахит (Μοναχίτι, Монахити) (183 жители)
- Општински оддел Спилио
- село Спилио (или Спиљо; Σπήλαιο, Спилео) (447 жители)
- Општински оддел Тиста (371 жител)
- село Тиста (Ζιάκας, Зјакас) (341 жител)
- село Крија Вриси (Κρύα Βρύση) (0 жители) новосоздадено
- село Липиница (Περιβολάκι, Периволаки) (30 жители)
- Општински оддел Туз
- село Туз (Αλατόπετρα, Алатопетра) (140 жители)
- Општински оддел Шарган
- село Шарган (Πανόραμα, Панорама) (126 жители)
Општинска единица Филипишта[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската целина Аренес (Κοινότητα Φιλιππαίων) со седиште во Филипишта (Филипеи) има 254 жители и опфаќа три села:
- Општински оддел Филипишта (254 жители)
Општинска единица Чирак[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Агиос Козмас (Δήμος Αγίου Κοσμά) со седиште во Радуништа (Мегаро) има население од 1792 жители и ги опфаќа следниве 12 населени места:
- Општински оддел Радуништа
- село Радуништа (или Радосиништа; Μέγαρο, Мегаро) (561 жител)
- Општински оддел Бишово
- село Бишово (Κυπαρίσσι, Кипариси) (111 жители)
- Општински оддел Ванско (238 жители)
- Општински оддел Вилија
- село Вилија (Οροπέδιο, Оропедио) (189 жители)
- Општински оддел Вравоништа
- село Вравоништа (Καληράχη, Калирахи) (222 жители)
- Општински оддел Лунци
- село Лунци (или Лунч; Καλλονή, Калони) (171 жител)
- Општински оддел Магер
- село Магер (Δασύλλιο, Дасило) (43 жители)
- Општински оддел Трикорфо
- село Тричко (Τρίκορφο, Трикорфо) (65 жители)
- Општински оддел Чирак (192 жители)
- село Чирак (или Мелидоништа; Άγιος Κοσμάς, Агиос Козмас) (68 жители)
- село Горно Видиште (Άνω Εκκλησία, Ано Еклизија) (79 жители)
- село Видиште (Εκκλησία, Еклизија) (45 жители)
Поранешни села[уреди | уреди извор]
На територијата на општината се наоѓаат и следниве поранешни села:
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|