Агалуш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Агалуш
Αγαλαίοι
Агалуш is located in Грција
Агалуш
Агалуш
Местоположба
Koinotita Abdellas.png
Координати: 40°02′N 21°37′E / 40.033° СГШ; 21.617° ИГД / 40.033; 21.617Координати: 40°02′N 21°37′E / 40.033° СГШ; 21.617° ИГД / 40.033; 21.617
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000677000000677 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.47
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51 100
Повик. бр.+30 24620
Рег. таб.ΡΝ

Агалуш — село во Егејска Македонија, Република Грција. Во селото според пописот од 2011 година има 47 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е со местоположба на околу 30 км југоисточно од градот Гребен.

Историja[уреди | уреди извор]

Под владение на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на ХІХ век Агалуш заедно со соседното село Венци е центар на истоимената нахија Венци во Кожанската каза во Османлиското Царство. Во близина на селото се наоѓала кулата на агите, од којшто се управувал големиот турски чифлик, кој опфаќал уште 24 сеча.[2]

Во овој период Агалуш е мешано муслиманско-христијанско гркојазично село. Според статистиката на Васил К’нчов пред 1900 година во Агалуш живеееле 90 валахади (гркојазични муслимани) и 91 Грци христијани.[3] Според записите на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Агалуш имало 90 Грци.[4]

Според грчкиот конзулат во Еласона пред 1904 година во Αγαλαίοι има 100 валахади и 40 Грци христијани.[5]Грчката атинска статистика од 1910 година во селото има 70 муслимани и 109 православни Грци. [6]

Грчка окупација[уреди | уреди извор]

За време на Првата Балканската војна во 1912 година во селото влегуваат грчките војски и за време на Втората Балканска војна во 1913 година Агалуш останува во Грција.

Според сведочењата од 1920 година Агалуш било населено само од валахади од 31 семејство и 85 жители.[7]

Во средината на 1920-те години според Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на на негово место се населени Понтски грци кои пребегнале од Грција. Во 1928 година селото е претставено бегалско со 31 семејство и 81 жител.[8]

Економија[уреди | уреди извор]

Населението во селото се занимава со земјоделство и сточарство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 125 125 140 100 123 93 72 47
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]