Залово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Залово
Τρίκωμο
Поглед на селото
Поглед на селото
Залово is located in Грција
Залово
Залово
Местоположба во областа
Залово во рамките на Гребен (општина)
Залово
Местоположба на Залово во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 39°59′N 21°19′E / 39.983° СГШ; 21.317° ИГД / 39.983; 21.317Координати: 39°59′N 21°19′E / 39.983° СГШ; 21.317° ИГД / 39.983; 21.317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаТеодорос Зјакас
Надм. вис.&10000000000000780000000780 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно116
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Залово (грчки: Τρίκωμο, Трикомо; до 1927 г. Ζάλοβο, Залово[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 116 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу 15 км југозападно од градот Гребен, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 780 м.[3] Во непосредна близина на селото се сместени Заловски и Азиз-агин мост.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Црквата Св. Атанасиј е изградена во 1861 година.[4]

Во XIX век Залово било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Залово живееле 300 Грци.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Залово живееле 375 Грци христијани.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 568 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 478.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Трикомо (Τρίκωμο).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 568 жители, во 1920 година со 478 жители, во 1928 година со 634, во 1940 година со 651, во 1951 година со 461, во 1961 година со 416, во 1971 година со 237, во 1981 година со 202, а во 1991 година со 361 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 651 461 416 237 202 361 141 116
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Залово, во кој влегува и селото Рјахово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Мостови

  • Заловски мост — стар камен мост на реката Венетик кај Залово, прогласен за споменик на културата
  • Азиз-агин мост — стар камен мост на реката Венетик кај Залово, прогласен за споменик на културата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Zalovo -- Trikomon“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 116.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Blogspot“. BMJ: b1162. 2009-04-01. doi:10.1136/sbmj.b1162. ISSN 1756-1833.
  5. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
  6. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
  7. „Σύντομο Ιστορικό“. Архивирано од изворникот на 2010-08-02. Посетено на 2023-08-04.