Пилори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пилори
Πυλωροί
Пилори is located in Грција
Пилори
Местоположба во областа
Пилори во рамките на Гребен (општина)
Пилори
Местоположба на Пилори во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°01′N 21°08′E / 40.017° СГШ; 21.133° ИГД / 40.017; 21.133Координати: 40°01′N 21°08′E / 40.017° СГШ; 21.133° ИГД / 40.017; 21.133
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000780000000780 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.69
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51100
Повик. бр.24620

Пилори (грчки: Πυλωροί, Пилори) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција[2]. Во 2011 година селото броело 69 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри источно од градот Гребен на надморска височина од 780 м. На околу три километра на северозапад од него в минатото се наоѓало селото Колокитаки.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Пилори е грчко христијанско село во нахијата Венци на Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Пилори имало 140 Грци христијани.[3]

Во селото има неколку храмови од ХІХ век, меѓу кои се истакнува централната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“, изградена во 1881 година. На нејзиниот празник, 15 август (Голема Богородица), се одржува годишниот селски собор.[4] Црквата „Свети Апостоли“ во Пилори е прогласена за заштитен историски споменик во 1987 година.[5]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканската војна во 1912 година во селото влегува грчка војска и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пилори станува дел на Кралството Грција.

Демографија[уреди | уреди извор]

Неговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци муслимани. К’нчов воопшто не го спомнува. Во пописот од 1913 година евидентирани се 95 жители, а во 1920 година 99 жители. По присилното иселува на Грците муслимани во 1923 година по сила на Лозанската конвенција, во селото биле доселени 50 бегалски семејства со 198 жители колку што броело селото на пописот во 1928 година[6].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 246 225 283 175 166 203 146 69
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πυλωροί“. Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών. 2015-01-19. Архивирано од изворникот на 2015-01-19. Посетено на 2017-03-20.
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. „Официјално мрежно место на бившата општина Венци“. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 2017-03-20.
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/51770/1233 π.ε./26-1-1987 – ΦΕΚ 271/Β/2-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 2017-03-20.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 127.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]