Елевтеро Просфигон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елевтеро Просфигон
Ελεύθερο Προσφύγων
Елевтеро Просфигон is located in Грција
Елевтеро Просфигон
Елевтеро Просфигон
Местоположба во областа
Елевтеро Просфигон is located in Гребен (општина)
Елевтеро Просфигон
Местоположба на Елевтеро Просфигон во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°9′N 21°26′E / 40.150° СГШ; 21.433° ИГД / 40.150; 21.433Координати: 40°9′N 21°26′E / 40.150° СГШ; 21.433° ИГД / 40.150; 21.433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаГребен
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно188
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Елевтеро Просфигон (грчки: Ελεύθερο Προσφύγων - „Бегалско Конско“) — село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија со 188 жители (2001).

Географија[уреди | уреди извор]

Десетина километри северно од Гребен и еден километар источно од старото село Коскон по Граѓанската војна е изградена нова населба во која се сместени бегалските семејства населени во Коскон во 1923 година.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Подигнато е поради тоа што селото Конско (Елевтеро) настрадало во времето на Граѓанската војна, така што по нормализирањето на ситуацијата, по барање на бившите бегалци, била подигната нова населба кон чие име е додаден зборот „Просфигон“, што значи „на бегалците“. Оваа населба прв пат е регистрирана во пописот од 1961 година со 359 жители, но поради сѐ помасовното иселување во поголемите градови во пописот од 1971 година е евидентирано само со 189, а во 1981 година со 171 жител. Селото доживува преродба во наредните години, така што во пописот од 1991 година е евидентирано со 331 жител. Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3]

Пописи[уреди | уреди извор]

  • 1961 - 359 жители
  • 1971 - 189 жители
  • 1981 - 171 жители
  • 1991 - 331 жители

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.