Ликокремасма
Изглед
| Ликокремасма Λυκοκρέμασμα | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°9′N 21°5′E / 40.150°N 21.083°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Западна Македонија |
| Округ | Гребен |
| Општина | Гребен |
| Општ. единица | Самарина |
| Надм. вис. | 1.100 м |
| Население (2011)[1] | |
| • Општ. един. | раселено |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ликокремасма (грчки: Λυκοκρέμασμα, Ликокремасма) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено на надморска височина од 1.100 м, околу 30 км северозападно од градот Гребен, во непосредна близина на изворите на Жужелска Река.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Непосредно пред Втората светска војна селото било основано како сточарска населба од влашки семејства. Во пописот од 1940 г. селото е забележано со 33 жители. Во текот на Втората светска војна, жителите го напуштиле селото. По војната, селото не било обновено.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 120–121.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||