Сувин

Координати: 40°13′N 21°29′E / 40.217° СГШ; 21.483° ИГД / 40.217; 21.483
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сувин
Κοκκινιά
Сувин is located in Грција
Сувин
Сувин
Местоположба во областа
Сувин во рамките на Гребен (општина)
Сувин
Местоположба на Сувин во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°13′N 21°29′E / 40.217° СГШ; 21.483° ИГД / 40.217; 21.483
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаИраклеотес
Надм. вис.&10000000000000685000000685 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно223
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Сувин или Сволјани (грчки: Κοκκινιά, Кокинија; до 1927 г. Σούμπινο, Сумбино[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 223 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу 15 км североисточно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 685 м.[3] Во непосредна близина на селото е сместен Пашин мост.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Сувин било мешано христијанско и муслиманско гркојазично село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Сувин живееле 100 Грци христијани и 80 Грци муслимани.[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Сувин живееле 145 Грци муслимани и 100 Грци христијани.[5]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 518 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 459.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Кокинија (Κοκκινιά).

Во согласност со Лозанскиот договор, во 1923 година присилно било иселено муслиманското население во Турција, а на нивно место грчките власти населиле бегалски семејства од Турција, со што селото останало мешано.[3] Во 1928 година во селото биле населени 52 грчки бегалски семејства со вкупно 185 жители.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, овошје, градинарски култури и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 518 жители, во 1920 година со 459 жители, во 1928 година со 573, во 1940 година со 551, во 1951 година со 517, во 1961 година со 409, во 1971 година со 301, во 1981 година со 293, а во 1991 година со 273 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 551 517 409 301 293 273 229 223
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 16 квадратни километри.[3] Општината Сувин била приклучена во општината Ираклеотес во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.

Селото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сувин, во кој влегува и селото Нов Трабзон.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Мостови

  • Пашин мост — стар камен мост на реката Бистрица кај Сувин, прогласен за споменик на културата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Soumpino -- Kokkinia“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 131.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
  5. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012.