Палеохор (Пинд)
| Палеохор Σταυρός | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°0′N 21°19′E / 40.000°N 21.317°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Западна Македонија |
| Округ | Гребен |
| Општина | Гребен |
| Општ. единица | Теодорос Зјакас |
| Надм. вис. | 760 м |
| Население (2011)[1] | |
| • Вкупно | 52 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Палеохор (грчки: Σταυρός, Ставрос, до 1957. година Παλαιοχώριον, Палеохорион) — село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија со 52 жители (2011).
Географија
[уреди | уреди извор]Југозападно од Гребен и помалку од 4 километри југозападно од Мавран, на надморска височина од 738 метри е сместено малото село Палеохор.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во минатото неговото население било мешано. Васил К’нчов го спомнува со 76 Грци муслимани и 100 Грци христијани. Во пописот од 1913 година е евидентирано со 104, а во 1920 со 130 жители. Изгледа дека муслиманското од поодамна го напуштило селото, а во него не биле доселени бегалски семејства. Така селото останало со чисто грчко население. Како такво е евидентирано во пописот од 1928 година со 138 жители. Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[2]
Пописи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 Христов Симовски 1998, стр. 125.
Извори
[уреди | уреди извор]- Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||