Цурјака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цурјака
Αετιά
Поглед на селото
Поглед на селото
Цурјака is located in Грција
Цурјака
Цурјака
Координати: 40°05′N 21°11′E / 40.083° СГШ; 21.183° ИГД / 40.083; 21.183Координати: 40°05′N 21°11′E / 40.083° СГШ; 21.183° ИГД / 40.083; 21.183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребенски Округ
ОпштинаОпштина Гребен
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Неочекуван број
 |1=Грешка во изразот: Неочекуван број
}}
1 100 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно34
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51032
Повик. бр.+30 24620

Цурјака, на грчки Аетја (грчки: Αετιά), до 1927 година Цурјакас (грчки: Τσούργιακας)[2]) – село во Република Грција, во општината Гребен, во областа Западна Македонија.[3] Во 2011 година селото броело 34 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 25 км западно од градот Гребен, 3 км источно од Филипишта на надморска височина од 1.100 м, во источниот дел на планината Смолика, дел од планинската верига Пинд.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во месноста Кастри се откриени остатоци од тврдина.[3]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Селото е споменато како Цурјакас во ферман од 1717 година во тимарот на Мехмед-бег, со кое се определуваат границите со соседите. Во XVIII век заради албански наезди поголемиот дел од жителите на селото, заедно со оние на Москополе, Фурка, Зерма и Пирсојани се иселуваат и основаат село Пипилишта. Други се населуваат во Каракамен, во селата Црковјани и Ксироливадо. ]].[4]

Кон крајот на XIX век Цурјака е христијанско грчко село во западниот крај на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Во 1806 година Франсоа Пуквил го споменува селото како „Шеркања“.[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Цурјакас живеат 27 Грци христијани.[5] Централната селска црква „Свети Николај“ е изградена во 1863 година, а обновена во 1880 година.

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Цурјака станува дел на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето во „Аетја“ од αετός што значи орел, додека Цурјака има словенска етимологија од орел.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Пописи[уреди | уреди извор]

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 - 86 жители
  • 1920 - 21 жител
  • 1928 - 40 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 109 8 0 0 32 49 48
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούργιακας -- Αετιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Αβδέλλα“. Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών.  Unknown parameter |web address= ignored (помош);
  4. 4,0 4,1 „Ιστορία“. Αετιά.  Unknown parameter |web address= ignored (помош);
  5. Σπανός, Κώςτας. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.
  6. Симовски, Тодор (1998) (на македонски). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 134.