Кожани (општина)
Општина Кожани Δήμος Κοζάνης | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Кожани |
Гео. област: | |
Население: | 68 683 (2001) |
Седиште: | Кожани |
Нас. места: | 75 |
Пошт. бр.: | 501 00 |
Пов. бр.: | 24610-2 до 7 |
Портал: | kozanh.gr |
Кожани (грчки: Δήμος Κοζάνης, Димос Козанис) — општина во Кожанскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Административен центар е истоимениот град Кожани.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Кожани е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на пет стари општини: Кожани (Козани), Калјани (Ејани), Елимеја, Димитриос Ипсилантис и Хелеспонт (Елиспондос).
- Напомена: Називите „Елимеја“, „Димитриос Ипсилантис“ и „Хелеспонт“ не се однесуваат на ниедно постоечко населено место, туку се слободно дадени имиња. „Елимеја“ е наречена по долномакедонската област Елимеја, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. „Димитриос Ипсилантис“ е фанариотски деец од XIX век, а „Хелеспонт“ е друго име за Дарданелите помеѓу Белото и Мраморното Море.
Општинска единица Кожани[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Кожани (Козани) има население от 47 451 жител и го опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Кожани
- град Кожани (Κοζάνη, Козани) (35 242 жители)
- село Света Недела (Αγία Κυριακή, Агија Кирјаки) (63 жители) новосоздадено
- старечки дом „Гирокомио“ (Γηροκομείο) (98)
- Општински оддел Баракли
- село Баракли (или Бајракли; Εξοχή, Ексохи) (104 жители)
- Општински оддел Велишта
- село Велишта (Λευκοπηγή, Левкопиги) (1 282 жители)
- Општински оддел Деделер
- село Деделер (Σκήτη, Скити) (374 жители)
- село Киримзиќој (Κοκκιναράς, Кокинарас) (20 жители)
- Општински оддел Динли
- село Динли (или Деинли; Λυγερή, Лигери) (165 жители)
- Општински оддел Драгодалишта
- село Драгодалишта (или Дравуданишта; Дромово; Μεταμόρφωση, Метаморфоси) (491 жител)
- Општински оддел Ениќој
- Општински оддел Извор
- село Извор (или Ак Бунар; Λευκόβρυση, Левковриси (1 095 жители)
- Општински оддел Илесли
- село Илесли (Οινόη, Инои) (156 жители)
- Општински оддел Исламли
- село Исламли (Κοίλα, Кила) (1 470 жители)
- село Ново Требино (Νέα Καρδιά, Неја Кардија) (502 жители) новосоздадено
- село Синекли (Μελίσσια, Мелисија) (24 жители)
- Општински оддел Калбуџилар
- село Калбуџилар (или Калпуџилар; Ανθότοπος, Антотопос) (166 жители)
- село Бахче Ловаси (или Бахче, Бахчели; Κηπάρι, Кипари) (68 жители)
- Општински оддел Кало Обаси
- село Кало Обаси (или Коба Оваси; Καλαμιά, Каламија) (303 жители)
- Општински оддел Коџа Ахметли
- село Коџа Ахметли (или Коџа Матли; Βατερό, Ватеро) (744 жители)
- Општински оддел Портораз
- село Портораз (или Путарас; Πρωτοχώρι, Протохори) (626 жители)
- Општински оддел Сариханлар
- село Сариханлар (Αλωνάκια, Алонакија) (383 жители)
- Општински оддел Сармусалар
- село Сармусалар (Πτελέα, Птелеја) (174 жители)
- Општински оддел Спурта
- село Спурта (Καρυδίτσα, Каридица) (953 жители)
- Општински оддел Ќучук Ахметли
- село Ќучук Ахметли (или Ќучук Матли; Νέα Νικόπολη, Неја Никополи) (224 жители)
- Општински оддел Џиџилер
- село Џиџилер (Πετρανά, Петрана) (718 жители)
- хотел „Целикас“ (Τσελίκας) (27 жители)
- Општински оддел Џумаја
- село Нова Џумаја (Νέα Χαραυγή, Неја Харавги) (1 209 жители)
- село Џумаја (или Џума; Χαραυγή, Харавги) (18 жители)
- Општински оддел Шајнлер
- село Шајнлер (или Сахинлар; Ξηρολίμνη, Ксиролимни) (424 жители)
Општинска единица Димитриос Ипсилантис[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Димитриос Ипсилантис (Δήμος Δημητρίου Υψηλάντη) со седиште во Караагач (Мавродендри) има 3 018 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Караагач
- село Караагач (Μαυροδένδρι, Мавродендри) (1 253 жители)
- Општински оддел Врдомици
- село Врдомици (или Ердогмуш; Ποντοκώμη, Пондокоми) (1 316 жители)
- Општински оддел Димирџилер
- село Димирџилер (или Демирџилер; Σιδεράς, Сидерас) (339 жители)
- Општински оддел Курџево
- село Курџево (Λιβερά, Ливера) (110 жители)
Општинска единица Елимеја[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Елимеја (Δήμος Ελιμείας) со седиште во Гоблица (Кркос) има 6429 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Гоблица
- село Гоблица (Κρόκος, Крокос) (2946 жители)
- Општински оддел Бујук Текелер (153 жители)
- село Хашлар (Σταυρωτή, Ставроти) (72 жители)
- село Бујук Текелер (Αμυγδαλιά, Амигдалија) (35 жители)
- село Ќучук Текелер (Ανατολή, Анатоли) (46 жители)
- Општински оддел Голема Ваница
- село Голема Ваница (или Голема Ванча; Άνω Κώμη, Ано Коми) (1533 жители)
- Општински оддел Докчилар (197 жители)
- Општински оддел Кесарија (848 жители)
- Општински оддел Мала Ваница
- село Мала Ваница (или Мала Ванча; Κάτω Κώμη, Като Коми) (348 жители)
- Општински оддел Милотин
- село Милотин (Μηλιά, Милија) (229 жители)
- Општински оддел Салтакли
- село Салтакли (Σπάρτο, Спарто) (175 жители)
Општинска единица Калјани[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Калјани (Δήμος Αιανής) со седиште во Калјани (Еани) има 3819 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Калјани
- село Калјани (Αιανή, Ејани) (2074 жители)
- Општински оддел Аја Параскева
- село Аја Параскева (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) (677 жители)
- Општински оддел Керасија
- село Керасија (Κερασιά) (192 жители)
- Општински оддел Радовишта
- село Радовишта (Ροδιανή, Родјани) (358 жители)
- Општински оддел Рамна
- село Рамна (Ρύμνιο, Римнио) (221 жител)
- Општински оддел Стени
- село Стени (Κτένι, Ктени) (109 жители)
- Општински оддел Сфилци
- село Сфилци (Χρώμιο, Хромио) (185 жители)
Општинска единица Хелеспонт[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Хелеспонт (Δήμος Ελλησπόντου) со седиште во Јусќуплер (Килада) има 7966 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Јусќуплер (850 жители)
- село Јусќуплер (или Јускуплер; Κοιλάδα, Килада) (393 жители)
- село Кахриманли (или Караманли; Κρεμαστή, Кремасти) (114 жители)
- село Ќоселер (или Ќосилер; Θυμαριά, Тимарија) (343 жители)
- Општински оддел Иделова
- село Иделова (Αυγή, Авги) (26 жители)
- Општински оддел Инево (1161 жител)
- село Инево (или Инабас; Ακρινή, Акрини) (1128 жители)
- село Профитис Илијас (Προφήτης Ηλίας) (33 жители) новосоздадено
- Општински оддел Ишаклар
- село Ишаклар (Άγιος Χαράλαμπος, Агиос Хараламбос) (187 жители)
- Општински оддел Дортали
- село Дортали (Τετράλοφος, Тетралофос) (454 жители)
- Општински оддел Караџилар (1369 жители)
- Општински оддел Моранли
- село Моранли (или Емир Ханли; Ρυάκι, Раки) (339 жители)
- Општински оддел Софулер (424 жители)
- Општински оддел Топчилар (1079 жители)
- село Топчилар (Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос) (1077 жители)
- село Агио Пневма (Άγιο Πνεύμα) (2 жители) новосоздадено
- Општински оддел Хадова (619 жители)
- село Хадова (Πολύμυλος, Полимилос) (565 жители)
- село Агија Параскеви (Αγία Παρασκευή) (6 жители) новосоздадено
- село Зоодохос Пиги (Ζωοδόχος Πηγή) (6 жители) новосоздадено
- село Ишиклар (Λεβέντης, Левендис) (12 жители)
- село Окчилар (или Акчелар; Άγιοι Θεόδωροι, Агии Теодори) (30 жители)
- Општински оддел Хајдарли
- село Хајдарли (Κλείτος, Клитос) (1289 жители)
- Општински оддел Чобанли
- село Чобанли (Βοσκοχώρι, Воскохори) (169 жители)
Поранешни села[уреди | уреди извор]
На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Магула.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|