Павлос Мелас (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Солунски Залив
Δήμος Παύλου Μελά
Dimos Pavlou Mela - Central Macedonia.svg
Општината Павлос Мелас во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област:
Население: 72 005 (2001)
Седиште: Ставруполи
Нас. места: 3
Пошт. бр.: 564
Пов. бр.: 2310-60 до 69
Портал: pavlosmelas.gr

Павлос Мелас (грчки: Δήμος Παύλου Μελά, Димос Павлу Мела) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа три населби во Солун, а административен центар е Ставруполи, создадено во XX век од грчки бегалци од Мала Азија.

Населени места[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Лембет на картата на некогашниот округ Солун.

Општината Павлос Мелас е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Ставруполи, Лембет и Кара Усеин по законот „Каликратис“.[1]

Наречена е по офицерот Павлос Мелас (1870-1904) — деец грчката вооружена пропаганда во Македонија (т.н. „Борба за Македонија“), познат по неговите потфати за истребување на Македонците и македонштината, кој важи за голем национален херој во Грција.

Општинска единица Лембет[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Лембет (Δήμος Ευκαρπίας) имала 6 598 жители и опфаќала само едно населено место — солунската населба Лембет (Ευκαρπία, Евкарпија).

Поранешната општина Кара Усеин на картата на некогашниот округ Солун.

Општинска единица Кара Усеин[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Кара Усеин (Δήμος Πολίχνης) имала 36 146 жители и опфаќала само едно населено место — солунската населба Кара Усеин (Πολίχνη, Полихини).

Поранешна општина Ставруполи[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Ставруполи на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Ставруполи (Δήμος Σταυρουπόλεως) имала 41 653 жители и опфаќала само едно населено место — солунската населба Ставруполи (Σταυρούπολη). новосоздадено

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]