Довишта (општина)
Општина Довишта Δήμος Εμμανουήλ Παπά | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | Серско Поле |
Население: | 19 844 (2001) |
Седиште: | Тополјани |
Нас. места: | 17 |
Пошт. бр.: | 620 46 |
Пов. бр.: | 23210-7 |
Портал: | empapas.gr/ |
Довишта (грчки: Δήμος Εμμανουήλ Παπά, Димос Емануил Папа) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа 17 села во областа Дарначко во западниот дел на Серското Поле, по западните падини на планината Змијница. Административен центар е селото Тополјани.
Општината го носи името на селото Довишта, чие денешно име е „Емануил Папас“. Името на селото е сменето во чест на истомениот револуционер (1772-1822) од Грчката војна за независност.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Довишта е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на две стари општини: Довишта (Емануил Папас) и Струма.
Општинска единица Довишта[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Довишта (Емануил Папас) има население од 11 789 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Тополјани
- село Тополјани (или Тополен; Χρυσό, Хрисо) (2 010 жители)
- Општински оддел Везник
- село Везник (Άγιον Πνεύμα, Агион Пневма) (1 954 жители)
- Општински оддел Горна Нушка (386)
- село Горна Нушка (Μέταλλα, Метала) (275 жители)
- село Сокол (Συκιά, Сикија) (111 жители)
- Општински оддел Довишта
- село Довишта (Εμμανουήλ Παπάς, Емануил Папас) (1 121 жител)
- Општински оддел Долна Нушка
- село Долна Нушка (Δαφνούδι, Дафнуди) (1 182 жители)
- Општински оддел Сармусакли
- село Сармусакли (Πεντάπολη, Пендаполи) (1 715 жители)
- Општински оддел Субашќој
- село Субашќој (Νέο Σούλι, Нео Сули) (2 539 жители)
- Општински оддел Тумба
- село Тумба (Τούμπα) (882 жители)
Општинска единица Струма[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Струма (Δήμος Στρυμώνα) има население од 8 055 (2001). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Тумбишта
- село Тумбишта (Тумбица или Кешишлак; Νέος Σκοπός, Неос Скопос) (2 529 жители)
- Општински оддел Бејлик Маала
- село Бејлик Маала (Βαλτοτόπι, Валтотопи) (1 138 жители)
- Општински оддел Вержани
- село Вержани (Ψυχικό, Психико) (1 101 жител)
- Општински оддел Вернар
- село Вернар (Παραλίμνιο, Паралимнио) (713 жители)
- Општински оддел Какара
- село Какара (Μεσοκώμη, Месокоми) (167 жители)
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (или Нихор; Νεοχώρι, Неохори) (1 201 жител)
- Општински оддел Петелинос
- село Петелинос (Πεθελινός) (602 жители)
- Општински оддел Сал ага
- село Сал Ага (или Сали Ага; Μονόβρυση, Моновриси) (604 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Литература[уреди | уреди извор]
- Σπίντιος Ζαχ., Δαρνακικό Γλωσσάρι, Σέρρες 1955
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|