Касандра (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Касандра
Δήμος Κασσάνδρας
Dimos Kassandras - Central Macedonia.svg
Општината Касандра во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Халкидик
Гео. област: Халкидик
Население: 16 153 (2001)
Админ. центар: Валта
Нас. места: 36
Пошт. број: 630 77
Пов. број: 2399
Портал: kassandra.gr

Касандра (грчки: Δήμος Κασσάνδρας, Димос Касандрас) — општина во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е Валта (Касандрија). Сместена е на истоимениот полуостров, наречен и Палене.

Треба да се напомене дека постојат повеќе села што традиционално се сметаат за касандриски бидејќи принадлежеле на Касандриската епархија, но денес важат за солунски, бидејќи се значително поблиску до Солун, отколку до полуостровот. Најголемиот дел од местата во општината не се села во традиционална смисла, туку туристички места создадени во XX век.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Касандра и Палини по законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица Касандра[уреди | уреди извор]

Византиската кула кај Светипавлов Метох

Според пописот од 2001 г., општината Касандра има 10 269 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Валта (3166 жители)
  • град Валта (Κασσάνδρεια, Касандрија) (2801 жители)
  • село Елани (Ελάνη) (30 жители) новос. турист.
  • село Сани (Σανή) (66 жители) новос. турист.
  • село Сивири (Σίβηρη) (267 жители) новос. турист.
  • затвор Ксенофондос (Φυλακές Ξενοφώντος) (2 жители)
  • Општински оддел Атито
  • село Атито (Άφυτος, Афитос) (1231 жители)
  • Општински оддел Каландра (750 жители)
  • село Каландра (Καλάνδρα) (665 жители)
  • село Буламација (Μπουλαμάτσια) (9 жители) новос. турист.
  • село Посиди (Ποσείδι) (76 жители) новос. турист.
Поранешната општина Касандра на картата на некогашниот округ Халкидик.
Етнографскиот музеј во Атито
  • Општински оддел Руски Метох (797 жители)
  • село Руски Метох (Καλλιθέα, Калитеја) (779 жители)
  • село Солина (Σωλήνα) (18 жители) новос. турист.
  • Општински оддел Касандрино (467 жители)
  • Општински оддел Пазаракија (594 жители)
  • село Пазаракија (Κρυοπηγή, Криопиги) (518 жители)
  • село Евдос (Εύδος) (24 жители) новос. турист.
  • хотел Касандра Палас (Κασσάνδρα Παλλάς) (22 жители) новос. турист.
  • село Левки Перистера (Λευκή Περιστέρα) (30 жители) новос. турист.
  • Општински оддел Светипавлов Метох (2061 жители)
  • село Светипавлов Метох (Νέα Φώκαια, Неја Фокеја) (1721 жители)
  • село Пиргос Сани (Πύργος Σανή) (27 жители) новос. турист.
  • Каракалски затвор (Φυλακές Καρακάλλου) (12 жители)
  • Касандриски затвор (Φυλακές Κασσάνδρας) (301 жители)
  • Општински оддел Фурка (1203 жители)

Општинска единица Палини[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Палини на картата на некогашниот округ Халкидик.

Според пописот од 2001 г., општината Палини (Δήμος Παλλήνης) со седиште во Ханиоти има 5 884 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ханиоти
  • село Ханиоти (Χανιώτης, Ханиоти) (968 жители)
  • Општински оддел Капсохор (1668 жители)
  • село Капсохор (Πευκοχώρι, Певкохори) (1665 жители)
  • село Левкес (Λεύκες) (13 жители) новос. турист.
  • село Панорама (Πανόραμα) (0 жители) новос. турист.
  • Општински оддел Палјури (826 жители)
  • село Палјури (Παλιούρι) (788 жители)
  • село Ксина (Ξυνά) (17 жители) новос. турист.
  • село Свети Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) (21 жители) новос. турист.
  • Општински оддел Полихрон
  • село Полихрон (Πολύχρονο, Полихроно) (1063 жители)
  • Општински оддел Света Петка (449 жители)
  • село Света Параскева (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) (361 жители)
  • село Лутра (Λουτρά) (88 жители) новос. турист.
  • Општински оддел Цапрани (910 жители)
  • село Цапрани (Νέα Σκιώνη, Неја Скиони) (889 жители)
  • село Фрама (Φράμα) (21 жители) новос. турист.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]