Солунски Залив (општина)
Општина Солунски Залив Δήμος Θερμαϊκού | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 38 349 (2001) |
Седиште: | Хаџи Бали |
Нас. места: | 9 |
Пошт. бр.: | 570 19 |
Пов. бр.: | 23920-2 |
Портал: | thermaikos.gr/ |
Солунски Залив (грчки: Δήμος Θερμαϊκού, Димос Термајку) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е гратчето Хаџи Бали (Переја). Во состав на општината влегуваат 9 населени места во западниот дел на полуостровот Халкидик.
Општината е наречена по Солунскиот Залив (гр. Термајкос), на чиј брег е сместена.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Солунски Залив е создадена на на 1 јануари 2011 година след обединение на три стари административни единици - општините Солунски Залив, Епаноми и Михањона по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Епаноми[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската единица Епаноми (Δήμος Επανομής) има 8 671 жител и ги опфаќа следните општински оддели и населени места:
- Општински оддел Епаноми
- град Епаноми (Επανομή) (7333 жители)
- Општински оддел Месимер
- село Месимер (Μεσημέρι) (1338 жители)
Општинска единица Михањона[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската единица Михањона (Δήμος Μηχανιώνας) има 9 425 жители и во ги опфаќа следниве општински оддели и населеним еста:
- Општински оддел Нова Михњона
- град Нова Михањона (Νέα Μηχανιώνα, Неја Михањона) (7303 жители) новосоздадено
- Општински оддел Големо Карабурун
- село Големо Карабурун (Αγγελοχώρι, Ангелохори) (1017 жители) новосоздадено
- Општински оддел Мало Карабурун
- село Мало Карабурун (Νέα Κερασιά, Неја Керасија) (1105 жители)
Општинска единица Солунски Залив[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општинската единица Солунски Залив има 20 253 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Хаџи Бали (13 354 жители)
- град Хаџи Бали (Περαία, Переја) (13 306 жители)
- село Чаир Чифлик (Λιβαδάκι, Ливадаки) (48 жители)
- Општински оддел Агиja Триада
- село Агија Тријада (Αγία Τριάδα) (2829 жители) новосоздадено
- Општински оддел Бахчели
- село Бахчели (Νέοι Επιβάτες, Неи Епиватес) (4070 жители)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
|
|