Сер (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Сер
Δήμος Σερρών
Dimos Serron - Central Macedonia.svg
Општина Сер на картата на областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Сер
Гео. област: Серско Поле
Население: 75 187 (2001)
Седиште: Сер
Нас. места: 31
Пошт. бр.: 621 00
Пов. бр.: 23210-2
Портал: serres.gr

Сер (грчки: Δήμος Σερρών, Димос Серон) — општина во Серскиот округ, Егејска Македонија, во состав на областа Централна Македонија во денешна Грција.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општина Сер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на шесте стари општини Каваклија, Капетан Митруси, Ќоспекли и Сер како и самостојните општински целини Горно Броди и Фраштани.

Општинска единица Горно Броди[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Горно Броди на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Горно Броди (Κοινότητα Άνω Βροντούς) има 406 жители и опфаќа само едно село — Горно Броди (Άνω Βροντού) со 406 жители.

Општинска единица Каваклија[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Каваклија на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Каваклија (Δήμος Λευκώνα) со седиште Каваклија (Левконас) има население од 3 897 жители и ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Каваклија
  • Општински оддел Долно Христос
  • Општински оддел Календра
  • село Календра (Καλά Δένδρα, Кала Дендра) (1 356 жители)

Општинска единица Капетан Митруси[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Капетан Митруси на картата на некогашниот округ Сер.

Општината е наречена по гркоманскиот андартски капетан Димитар Гоголаков (наречен Капетан Митруси), кој е роден во с. Хуманџа (денес Митруси). Поранешната општина Капетан Митруси (Δήμος Κ. Μητρουσίου) има население од 6 402 жители (2001). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ениќој
  • село Ениќој (Προβατάς, Проватас) (1 344 жители)
  • Општински оддел Горна Камила
  • село Горна Камила (или Христијанска Камила; Άνω Καμήλα, Ано Камила) (746 жители)
  • Општински оддел Горно Караџово
  • Општински оддел Неволен
  • село Неволјани (или Неволен; Βαμβακιά, Вамвакија) (700 жители)
  • Општински оддел Хуманџа (2 224 жители)
  • село Хуманџа (или Хомондос; Μητρούσι, Митруси) (1 569 жители)
  • село Долна Хуманџа (или Долно Хомондос; Κάτω Μητρούσι, Като Митруси) (655 жители)
  • Општински оддел Чучулигово

Општинска единица Сер[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Сер на картата на некогашниот округ Сер .

Општинската единица опфаќа еден град и 10 села во Серското Поле и по западните падини на планината Змијница. Седиштето е во Сер.

Населението брои 56 145 жители (2001). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Сер (54 666 жители)
  • град Сер (Σέρρες, Серес) (54 266 жители)
  • село Заба (Κρίνος, Кринос) (48 жители)
  • село Мертатово (Ξηρότοπος, Ксиротопос) (177 жители)
  • село Метох (Κάτω Μετόχι, Като Метохи) (175 жители)
  • Општински оддел Геди Дермен
  • село Геди Дермен (или Еди Дермен; Επτάμυλοι, Ептамили) (517 жители)
  • Општински оддел Дервешани (587 жители)
  • село Дервешани (или Дервешен; Οινούσσα, Инуса) (524 жители)
  • село Лески (или Карлиќој; Χιονοχώρι, Хионохори) (63 жители)
  • Општински оддел Дутлија (375 жители)
  • село Дутлија (или Горен; Ελαιώνας, Елеонас) (300 жители)
  • село Мрамор (Χρυσοπηγή, Хрисопиги) (4 жители)
  • село Раховица (или Орехово, Рахово; Μαρμαράς, Мармарас) (42 жители)
  • манастир „Св. Јован Претеча“ (29 жители)

На територијата на општината се и денес напуштените села Баница, во кое загинал Гоце Делчев и Лакос, каде е роден револуционерот Коста Кукето (? - 1896).

Општинска единица Фраштани[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Фраштани на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Фраштани (Κοινότητα Ορεινής) има 820 жители и опфаќа само едно село — Фраштани (Ορεινή) со 820 жители.

Општинска единица Ќоспекли[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Ќоспекли на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Ќоспекли (Δήμος Σκουτάρεως) со седиште во Ќоспекли (Скутари) има население од 7 517. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ќоспекли
  • село Ќоспекли (Σκούταρι, Скутари) (2 614 жители)
  • Општински оддел Агова Маала
  • Општински оддел Гудели
  • село Гудели (Βαμβακούσσα, Вамвакуса) (368 жители)
  • Општински оддел Долна Камила
  • село Долна Камила (или Турска Камила, Κάτω Καμήλα, Като Камила) (1 430 жители)
  • Општински оддел Какараска
  • село Какараска (Αγία Ελένη, Агија Елени) (636 жители)
  • Општински оддел Комарјани
  • село Комарјани (или Комарјан, Кумаре; Κουμαριά, Кумарија) (533 жители)
  • Општински оддел Нова Маала
  • Општински оддел Сал Маала
  • село Сал Маала (Κωνσταντινάτο, Константинато) (414 жители)
  • Општински оддел Џами Маала

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]