Мрамор (Серско)

Координати: 41°11.28′N 23°30.57′E / 41.18800° СГШ; 23.50950° ИГД / 41.18800; 23.50950
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мрамор
Καπετανούδι
Мрамор is located in Грција
Мрамор
Мрамор
Местоположба во областа
Мрамор во рамките на Сер (општина)
Мрамор
Местоположба на Мрамор во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°11.28′N 23°30.57′E / 41.18800° СГШ; 23.50950° ИГД / 41.18800; 23.50950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Надм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Мрамор (грчки: Καπετανούδι, Капетануди; до 1926 г. Μαραμόρ, Мрамор[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територија на денешната општина Сер на Серскиот округ, Грција. Традиционално било населено со Турци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, северозападно од Сер и југозападно од Мертатово.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Мрамор било чисто турско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во селото (Mramor) имало 75 домаќинства со 195 жители Турци.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Мраморъ имало 300 жители Турци.[4]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото веројатно настрадало во војните бидејќи во 1913 г. е попишано со само 35 жители. Во 1920 г. жителите се вратиле, и населението пораснало на 149 лица.[2]

Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место дошле 20-тина семејства кои не биле грчки колонисти, туку веројатно сточари.[2] Во 1928 г. Мрамор имал 79 жители, а во 1940 г. во него се попишани 78 лица.[2]

Селото настрадало за време на Втората светска или Граѓанската војна и потоа е отпишано.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 78 X X X X X 4 27
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 261. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.