Димитар Гоголаков
Димитар Гоголаков Капетан Митруси | ||
Роден | Хуманџа, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 14 јули 1907 Сер, денес Грција |
Димитар Гоголаков, наречен Митруш, во Грција како Димитриос, Димитрис, Митрусис Гоголакис или Капетан Митрусис (Δημήτριος, Δημήτρης, Μητρούσης Γκογκολάκης, Καπετάν Μητρούσης) — гркомански андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија за заземање на Егејска Македонија од Македонците и нивна асимилација или истерување.
Животопис
[уреди | уреди извор]Гоголаков е роден во селото Хуманџа. Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија, тој застанал на чело на една андартска чета која ги обиколувла селата во Серско и вршеала притисок врз македонското егзархиско население.
Според Христо Силјанов, прва жртва на Гоголаков бил Мито Милушев од село Долно Христос. Поради ова убиство, како и поради други, тој бил осуден од страна на Македонската револуционерна организација. Смртната пресуда требало да ја изврши војводата Таската Серски.
На 1 септември 1906 година војводата Таската Серски влегол во селото Хуманџа за да ја изврши пресудата но Гоголаков успеал да избега, а четата на Македонската револуционерна организација ги ликвидирала неговата жена и дете.
Гологанов со цел за да се одмази на 25 октомври со својата чета го нападнал егзархиско село Горно Караџово. Во текот на нападот биле запалени 10 куќи и биле убиени 30 души. Од напаѓачите бил ранет андарскиот капетан на џумајската чета Атанас Хаџипантазиев (Танасис Хадзипантазис), тој од здобиените рани умрел во јануари 1907 година.
Нападот на селото Горно Караџово ги раздвижило големите сили и нивните дипломатски претставници, како што биле австроунагарскиот конзул Пари и франсцускиот офицер Фулон.
По нападот на селото Серскиот силогос го пратил Гоголаков во Атина, но по два месеци се вратил во Македонија и застанал на чело на андартска чета потпомогнат од Теодорос Турлендес од Мегалополи и Николаос Панајоту [1] од Агринио.
На 13 јули 1907 година Гоголаков зедно со четворица андарти - Јанис Урдас, Михалис Узунис, Турлендес и Панајоту, влегол во серскиот кварт Каменика и сите петмина се сместиле во куќата на свештеникот од црквата Свето Благовешение. Таму биле предадени од Дико и квартот бил опколен од турската војска и башибузлук. Гоголаков и неговите луѓе се забарикадирале во камбанаријата на црквата и пет часа се спротивставувале. Во текот на борбата Турлендес и Узунис загинале, а Панајоту и Урдас биле ранети и заробени, подоцна биле погубени, а Гоголаков се самоубил за да не се најде во рацете на власта.
Во близината на местото каде била борбата е подигнат споменик на Гоголаков, во 1927 година неговото родното село Хуманџа е преименувано во „Митруси“, а административната единица во која селото се наоѓа е именувано како Капетан Митруси.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, стр.229-230.
- Μητρούσης Γκογκολάκης
- A Profile of Hero Kapetan Mitrousis Архивирано на 25 ноември 2003 г.
- ↑ „Νικόλαος Παναγιώτου“. Архивирано од изворникот на 2009-01-30. Посетено на 2010-12-28.