Метох (Серско)

Координати: 41°7.33′N 23°31.26′E / 41.12217° СГШ; 23.52100° ИГД / 41.12217; 23.52100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Метох
Αγία Ελένη
Метох is located in Грција
Метох
Метох
Местоположба во областа
Метох во рамките на Сер (општина)
Метох
Местоположба на Метох во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°7.33′N 23°31.26′E / 41.12217° СГШ; 23.52100° ИГД / 41.12217; 23.52100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно197
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Метох или Долно Метох (грчки: Κάτω Μετόχι, Като Метохи) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се состои од две мошне оддалечени маала — Долно и Горно Метох, од кои Горното денес е напуштено. Долно Метох се наоѓа во јужните пазуви на планината Шарлија. Лежи во Серското Поле, на околу 3 км северно од градот Сер. Северозападно од селото е манастирот „Пресв. Богородица Вишенска“.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Метох било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во селото (Métoh) имало 42 домаќинства сочинети од 130 жители Македонци.[4][5]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) нашишал за Метох:

Метохи: христијанско село; 1 црква; жителите се Македонци;[4] се занимаваат со земјоделство; се наоѓа на час и половина од градот (на север).[6]

На статистичката табела Верковиќ го означил Метохи како село со 42 македонски куќи.[4][7]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Метох, село на Ј од Мертатово, од градот на околу 1 час растојание. Истата состојба и многу полоша. Црква „Св. Димитриј“; се служи на грчки. 40 куќи со 200 души Македонци.[8][9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вп 1900 г. во Метохъ имало 192 жители Македонци христијани.[4][10]

На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Метох (Metoh) имало 236 Македонци патријаршисти.[4][11] Во 1910 г. егзархискиот училиштен инспектор Константин Георгиев го опишал Метох како урнатина од срушени и опустошени куќи во вкупно 192 жители Македонци, а учител во училиштето бил П. Атанасов.[4][12]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 115 жители, а во 920 г. имало 144 лица. Ова укажува на тоа што селото веројатно настрадало во војните[2] Во 1923-1924 г. под притисок на грчката власт 102 жители се иселиле во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки од Турција. Во 1928 г. селото е претставено како етнички мешано со 122 жители,[2], од кои 90 лица (20 семејства) биле дојденци.[13] Во 1940 г. бројот на жителите се зголемил на 152.[2]

Селото настрадало во Втората светска и Граѓанската војна, и поголем дел од жителите се преселиле во маалото Долно Метох,[2] кое е доста оддалечено. Ова маало е новото село, кое почнало посебно да се населува во 1930-тите и за првпат заведено како одделно село во 1940 г. со 140 жители. Населението продолжило да расте поради доселувањето на жителите од Горно Метох.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 140 133 198 117 106 149 175 197
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 249–250, 252. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 62.
  7. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 228–229.
  8. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  9. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 837.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  11. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  12. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 141.
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 60. ISBN 954-9800-52-0.