Арнаут Маала
| Арнаут Маала Ιτεοχώρι | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°58′N 23°31′E / 40.967°N 23.517°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Серски |
| Општина | Сер |
| Општ. единица | Киспикеси |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Арнаут Маала (грчки: Ιτεοχώρι, Итеохори; до 1927 г. Αρναούτ Μαχαλά, Арнаут Махала[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало јужно од градот Сер, на јужниот брег на некогашното Тахинско Езеро, во денешниот атар на Нова Маала.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Арнаут Маала било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак.
Христијанското население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Арнаут Маала имало 120 жители, сите Македонци.[3][4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Арнаут Маала имало 95 Македонци под врховенство на патријаршијата.[2][4]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото настрадало за време на Балканските војни, поради што во пописот од 1920 г. година селото се води како напуштена населба. Обновено е од грчки бегалци во 1924 година. Во 1927 година, името на селото било променето во Итеохори (Ιτεοχώρι). Меѓутоа, не се спомнува во подоцнежните пописи, што значи дека се распаднало.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 13 јуни 2024.
- 1 2 3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 246.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.
- 1 2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||