Горна Камила

Координати: 41°3.25′N 23°25.26′E / 41.05417° СГШ; 23.42100° ИГД / 41.05417; 23.42100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Камила
Άνω Καμήλα
Горна Камила is located in Грција
Горна Камила
Горна Камила
Местоположба во областа
Горна Камила во рамките на Сер (општина)
Горна Камила
Местоположба на Горна Камила во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°3.25′N 23°25.26′E / 41.05417° СГШ; 23.42100° ИГД / 41.05417; 23.42100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКапетан Митруси
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно682
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горна Камила или Христијанска Камила (грчки: Άνω Καμήλα, Ано Камила) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 682 жители (2011). Го носи алтернативното име „Христијанска“ за да се разликува од другата, Долна Камила (наречена Турска), која имала турско малцинство меѓу Македонците. Во минатото Горна Камила била населена исклучиво со Македонци, кои денес имаат двотретинско мнозинство, а останатите жители се грчки доселеници.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и северно од Ениќој.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Христијан Камила (Christian-Kamila) било село со 40 домаќинства на вкупно 138 жители Македонци.[3][4]

Во 1891 г. охридскиот Георги Стрезов го завел селото како дел од областа Овакол и напишал дека за време на неговата посета Горна Камила била во рушевини, урнисана од Струма.[5]}}

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) брои 180 жители, сите Македонци христијани.[3][6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 387 жители, кое во 1920 г. се зголемило на 423 лица.[2] Според пописот од 1928 година Горна Камила имала 491 жител,[2] од кои 150 жители од 31 семејство биле дојденци.[7]

Во 1940 г. населението броело 531 жител, за во 1961 г. да достигне 813 лица. Во 1960-тите дошло до извесно иселување во градовите, но подоцна населението повторно се накачило.[2] Во 2000-те бројноста повторно се намалила, од 746 во 2001 до 682 во 2011 г.

Во 1987 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[8]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 531 663 813 647 720 792 746 682
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мошне плодно земјиште кое дава по две богати реколти годишно. Се одгледуваат големи количества памук, пченка, жито, фуражни култури и друго, а застапено е и краварството.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 251–252.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118 – 119.
  5. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 842.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 176 и 180.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.