Комарјани

Координати: 41°1′N 23°26′E / 41.017° СГШ; 23.433° ИГД / 41.017; 23.433
Од Википедија — слободната енциклопедија
Комарјани
Κουμαριά
Комарјани is located in Грција
Комарјани
Комарјани
Местоположба во областа
Комарјани во рамките на Сер (општина)
Комарјани
Местоположба на Комарјани во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°1′N 23°26′E / 41.017° СГШ; 23.433° ИГД / 41.017; 23.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно381
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Комарјани или Комарјан (познато и како Кумарјани, Кумаре или Комарен; грчки: Κουμαριά, Кумарија; до 1927 г. Κουμάργιαννη, Кумарјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 381 жител (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Серското Поле, југозападно од Сер, на левиот брег на Струма, на надморска височина од 10 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Комарјани било село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Комарен (Komaren) имало 30 домаќинства и 102 жители Македонци.[4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Кумаргија, на северозапад од Агова Маала, на растојание од помалку од еден час. На десниот брег на Струма, на истата страна како споменатото село. На исток од селото се наоѓа густа шума на растојание од 1 час. Патот е ист; рамен, но каллив. 60 јуручки куќи.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кумаре имало 360 жители Турци.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 518 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле дури на 168 лица.[3]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција. На нивно место се населиле 104 бегалски семејства (вкупно 509 бегалци) од Источна Тракија, така што селото станало чиста бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Кумарија (Κουμαριά).[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е богато, бидејќи располага со мошне плодно земјиште кое исцело се наводнува, а поради климатските услови земјата дава по две до три високоприносни реколти. Населението произведува жито, фуражни и други земјоделски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 344 390 455 438 582 503 533 381
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1926 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 9,1 квадратни километри.[3] Општината Комарјани била приклучена во општината Киспикеси во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.

Селото припаѓа на општинската единица Киспикеси со седиште во истоименото селото, која припаѓа на поголемата општина Сер, во истоимениот округ. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Комарјани, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 22 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 259.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 842.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.