Раховица

Координати: 41°9.33′N 23°36.43′E / 41.15550° СГШ; 23.60717° ИГД / 41.15550; 23.60717
Од Википедија — слободната енциклопедија
Раховица
Μαρμαράς
Раховица is located in Грција
Раховица
Раховица
Местоположба во областа
Раховица во рамките на Сер (општина)
Раховица
Местоположба на Раховица во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°9.33′N 23°36.43′E / 41.15550° СГШ; 23.60717° ИГД / 41.15550; 23.60717
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно14
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Раховец (Ореховец, Раховица или Рахово; грчки: Μαρμαράς, Мармарас, до 1927 Ραχωβίτσα, Раховица[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во Општина Сер на Серскиот Округ, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, на 15 км северно од градот Сер во долината на Бродска Река крај патот Сер — Горно Броди. Над селото се наоѓа турската тврдина Капаклија.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Раховица било село во Серската каза. Жителите се занимавале претежно со јагленарство и ситно сточарство.[3] Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Ореховец (Oréhovets) имало 58 домаќинства на 200 жители Македонци.[4][5]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Раховица:

Раховица или Ореховец: христијанско село што лежи на висок рид; 1 црква; жителите Македонци прават добар тутун; оддалечено 2 часа од градот.[4][6]

На табелите на Верковиќ Раховица (Ореховец) е обележано како село со 118 македонски куќи.[4][7]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Рјаховица, село на С од градот и на СИ од Мертатово. Изградено на на еден висок врв, огранок на Боздаг. И ова село е прочуено по својот чист планински воздух, со студените води. Поради здравата клима многумина таму го поминуваат летото. Земја за работа нема. Во Рјаховица има няколки семејства Власи, овчари; овчари има и од Македонците.[8] Црква грчка. Имало грчко училиште; сега нема никакво. 80 куќи, 400 души, чисто Македонци.[8][9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Орѣхово (Ряхово) (Тахтали Кьой) имало 440 жители Македонци христијани и 30 Власи.[4][10] Во првото десетилетие на XX век македонското население на Раховица било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Орјаховица (Oriahovitza) имало 960 Македонци егзархисти и 30 Власи, а во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 29 ученици.[4][11]

Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев забележал дека во Раховица има црква, која е една од најубавите во околијата и училиште со 45 ученици, сите машки (најголем број деца во забавачницата — 29) и учител Г. Попдимитров.[12]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Кон 1913 г. селото имало 160 македонски куќи и 10 влашки во мало одделно маало.[3] Во Втората балканска војна во 1913 г. селото е разорено и опожарено од грчката војска, а дел од неговите жители се убиени.[13] Истата 1913 г. населението се намалило на 104 жители.[14] Македонското население избегало во Бугарија, населувајќи се во Мусомишта (околу 100 семејства), Неврокоп, Кричим, Пазарџик, Пловдив.[3] На пописот од 1920 г. во Раховица се заведени само 36 лица.[14]

По војната селото е пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Мармарас.[15] Во 1928 г. Раховица имала 158 жители, од кои само 1 доселеник. Ова на тоа дека веројатно на местото на Македонците се доселиле влашки сточари.[14]

Селото се распаднало пред Втората светска војна кога неговото население се прибрало во Дутлија.[14] Оттогаш селото не се води на ниеден попис сè до 1991 г., кога е евидентирано со 44 жители.[14]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 44 42 14
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 23.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 61.
  7. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 228–229.
  8. 8,0 8,1 Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  9. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 837.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  11. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  12. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 140.
  13. Иванов, Йордан. "Населението в югоизточна Македония (Сярско, Драмско и Кавалско)". София, 1917, стр.23.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 263. ISBN 9989-9819-6-5.
  15. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  16. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.54
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 288. ISBN 954-9800-52-0.