Лакос

Координати: 41°8.54′N 23°37.39′E / 41.14233° СГШ; 23.62317° ИГД / 41.14233; 23.62317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лакос
Λάκκος
Лакос is located in Грција
Лакос
Лакос
Местоположба во областа
Лакос во рамките на Сер (општина)
Лакос
Местоположба на Лакос во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°8.54′N 23°37.39′E / 41.14233° СГШ; 23.62317° ИГД / 41.14233; 23.62317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Лакос или дијалектно: Лакус (грчки: Λάκκος, Лакос) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на 7 км северно од градот Сер во пазувите на Шарлија и Сминица. Од карстен вруток над селото извира реката Јанина, притока на Серовица, на која порано имало многу воденици.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

През средновековието селото се наоѓало на 3 км северно од Сер и се нарекувало Велиште, разурнато од Турците. Од него останала само црквата „Св. Никола“, која постоела сè до 1918 г.[2]

Селото се спомнува во османлиски дефтер документ од втората половина на XV и почетокот на XVI век под денешното име Лакос со 28 регистрирани глави на домаќинства.[3]

Во XIX век Лакос било мало македонско село во Серската каза. Црквата „Св. Димитриј“ е подигната и живописана во 1867 г.[4] Лакос бил чифлик на манастирот „Св. Јован Претеча“. Населението живеело од сточраство, малку земјоделство и производство на вар. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лакос (Lakos) имал 41 домаќинства сочинети од 160 жители Македонци.[5][6]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Лакос:

На половина час на север од манастирот се наоѓа село Лакос со 1 црква. Околу него има многу пештари, во една од нив живеел Св. Јован, ктиторот на споменатиот манастир и затоа го носи името Ктиторова пештера. Жителите се Македонци,[5] кои се занимаваат со земјоделство; оддалечено е од градот на 2 часа.[7]

Во неговите статистички таблици Верковиќ го означил Лакос како село со 41 македонска куќа.[5][8] В 1891 година Георги Стрезов определя селото като част от Баницакол и пише:

Лакос, мало селце на С од манастирот 14 час. Бидејќи местото е каменливо и нема заемја за орање, жителите се распрснати по блиските села за работа; повеќето се сиромашни дрвари. Одат на црква во манастирот; училиште нема; 25 куќи со 175 жители Македонци.[9][10]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 400 жители Македонци христијани.[5][11]

Жителите на селото се занимавале со сточарство и малку земјоделство — се одгледувале убави маслинки. Околи Лакос имало неколку печки за вар кои ги задоволувале потребите на Сер.[2]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Лакос се состои од 520 жители Македонци егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител.[5][13]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а во Втората балканска војна Лакос е запален од грчката војска.[14] 70 семејства се иселиле во Бугарија. Останатите се распрснале низ блиските села и во Сер, а селото е избришано од картата. Потомци на бегалци од Лакос денес живеат во Неврокоп (Гоце Делчев) и околината, Пазарџичко, Пловдив, Асеновград и Хасково.[2] За ова говори фактот што во 1913 г. во Лакос се попишани 78 лица, а во 1920 г. нивниот број се намалил на само 35.[1] Во 1920-тите селото е конечно напуштено и не било обновено.

Подоцна остатоците од селото ги користеле Каракачани кои тука ги носеле своите стада во летниот период.[1] Во 1940 г. се забележани 109 жители, од кои 65 возрасни мажи.[1]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 248. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. 2,0 2,1 2,2 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 22.
  3. Гандев, Христо. "Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване", Наука и Изкуство, II изд., София, 1989
  4. Митринов, Георги (2012). „Църквата „Св. Димитър" в българското село Лакос, Сярско“. Будител (1): 87–95. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 61–62.
  8. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 228–229.
  9. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  10. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 835.
  11. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  12. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  13. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  14. Иванов, Йордан. „Населението в югоизточна Македония (Сярско, Драмско и Кавалско)“. София, 1917, стр.23.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 120. ISBN 954-9800-52-0.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 110. ISBN 954-9800-52-0.
  17. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 47.
  18. Χρηστίδης, Νικόλαος Χρ (2012). Οι δρόμοι των Σερρών και η Ονοματολογία των (PDF) (грчки). Σέρρες: Αφοι Χαραλαμπιδη Ο.Ε. стр. 75. Посетено на 25 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)