Неволјани (Серско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Неволјани
Βαμβακιά
Неволјани is located in Грција
Неволјани
Неволјани
Местоположба во областа
Неволјани is located in Постол (општина)
Неволјани
Местоположба на Неволјани во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°5.2′N 23°20.46′E / 41.0867° СГШ; 23.34100° ИГД / 41.0867; 23.34100Координати: 41°5.2′N 23°20.46′E / 41.0867° СГШ; 23.34100° ИГД / 41.0867; 23.34100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКапетан Митруси
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно530
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Неволјани или Неволен (грчки: Βαμβακιά, Вамваќа; до 1928 г. Νεόλιανη, Неволјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 530 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се значајно малцинство заедно со грчките доселеници.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и јужно од Ениќој.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Неволјани е заведено како македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Неволене (Névolène) било село со вкупно 102 домаќинства, од кои 180 жители биле Македонци, а 120 биле муслимани.[4][5] Овој податок е или погрешен, или значи дека муслиманите подоцна го напуштиле селото.

Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Овакол и вели:

Неолин, чифлик на многумина, најголемиот дел е на ?ариша, околу 12 ч. на југоисток од Чучулигово. Целата почва. Куќи 30, македонски.[4][6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото се остоело од 600 Македонци христијани.[4][7]

Во 1904 г. е изградена црквата „Св. Антониј“, наполно обновена во 1955 г.[8]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Неволјани (Novolen) имало 640 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква).[9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 518 жители, кои поради Првата светска војна во 1920 г. се намалиле дури на 284 лица.[3] Во 1924 г. грчките власи иселиле неколку семејства во Бугарија, а на нивно место довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Вамваќа, што значи „памук“.[10] Така, во 1928 г. Неволјани станало мешана населба со вкупно 572 жители, од кои 344 лица (85 семејства) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.[11]

Во 1940 г. во Неволјани се попишани 539 лица. Населението нагло пораснало во текот на 1950-тите, при што во 1961 г. имало 915 жители. Ова се променило во 1980-тите, кога е забележан позначаен пад,[3] иако најсилниот пад во бројноста се случил во 2000-тите, кога населението опаднало од 700 во 2001 на 530 во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 539 575 915 893 905 782 700 530
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението одгледува големи количства памук, жито, фуражни култури и друго. Застапено е и краварството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νεόλιανη -- Βαμβακιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 261. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 116-117.
  6. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 841.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_14.htm. 
  8. „Ιερός Ναός Ἁγίου Αντωνίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. конс. 19 декември 2017. 
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pи. 198-199.
  10. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928