Димитар Мишев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Димитар Мишев
Dimitar Mishev Vidin.jpg
Димитар Мишев
Роден 6 декември 1854
Видин, Османлиско Царство
Починал 25 јануари 1932
Софија, Бугарија
Занимање книжевник, публицист и политичар

Димитaр Мишев Димитров (бугарски: Димитър Мишев Димитров; 6 декември 1854 - 25 јануари 1932) со псевдонимот Бранковбугарски книжевник, публицист и политичар, долгогодишен секретар на Бугарската егзархија, редовен член на Бугарската академија на науките и слободен ѕидар. Познат е како истражувач на населените места во Македонија со делото La Macédoine et sa Population Chrétienne („Македонија и нејзиното христијанско население“, 1905), наведувајќи го македонското население како „бугарско“.

Биографиja[уреди | уреди извор]

Мишев е роден во 1854 г. во Видин, североисточна Бугарија. Основното образование го стекнал во родниот град, а потоа со помошта на егзархот Антим I се запишал во Габровската гимназија, која ја завршил во 1872 г.[1] Истата година за кратко учителствувал во Орхание (денес Ботевград), но при избивањето на Руско-турската војна (1877-1878) се преселил во Софија, каде станал преведувач на софискиот окружен началник.

По војната продолжил со учителската работа, прво во Лом (1879-1880), па во Видин (1880-1881). Во периодот од 1883 до 1884 г. го издавал културно-општественото весникот „Слобода“. Ги преведувал и Тургенев и Гогољ.[1] Активно се вклучил во културниот живот на новоослободената Бугарија. Влегол во редовите на Народнолибералната партија како нејзин правеник во IV Обично народно собрание (1884-1886) и активно участвувал во весникот „Трновска конституција“ (1884-1888).

Во 1890 г. повторно станал учител, овојпат во Сливенската машка гимназија, и таму работел до 1894 г. Потоа преминува во бугарското егзархиско улилиште во Цариград (1894). Таму е забележан од езгархот Јосиф, кој го вработува како секретар на егзархијата. На този пост Мишев остава до 1901 година. Патувањата низ Македонија во својство на езархиски секретар му овозможиле да собира податоци за нејзините населени места. Насобраните сознанија потоа ги објавил во неговото капитално дело „Македонија и нејзиното христијанско население“ издадено во 1905 г. во Париз под псевдонимот Бранков (D.M.Brancoff. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Paris, 1905) и во истото Македонците доследно секаде ги нарекува „Бугари“. Мишев бил основач на „Црковен весник“ во 1900 г. и негов прв главен уредник до 1903 г. и овторно од 1907 до 1915 г.

Корица на La Vérité sur la Macédoine
Бугарија во минатото

Од 1908 до 1911 г. служел како пратеник во XIV Обично народно собрание на страната на Демократската партија. Учествувал во весниците „Балкански зговор“ и „Црковен архив“ и списанијата „Слободно мнение“, „Пролет“ и „Отец Паисиј“.

Во 1916 г. ја издал книгата „Бугарија во минатото“, преведена на англиски (1919) под насловот The Bulgarians in the past. Pages from the bulgarian cultural history.[1]

По Првата светска војна, Мишев го издавал весникот „Плебисит“, кој имал за цел да ги заштити бугарските претензии врз Македонија[2] и работел на помирувањето на различните т.н. „македонисувачки“ фракции на ВМРО во Бугарија.

Во 1925, 1929 и 1931 г. Мишев издал три големи тома под покровителство на црковниот архив на Светиот синод. Го создал себугарскиот сојуз „Отец Паисиј“ и бил уредник на истоимениот печатен орган на сојузот. Раководел со бугарскиот оддел на лигата за заштита на правата на човекот и граѓанинот на Здружението за мир при Друштвото на народите.[1]

Починал во 1932 г. во Софија.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Ръководство по български език“, (3 части, 1887 - 1891).
  • „Христоматия. За долните класове на гимназията и общинските класни училища“, (1890)
  • "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905
  • „Обществена съвест“ (1908)
  • „В мир и във война“ (1917)
  • "La Vérité sur la Macédoine" (1918)
  • „Начало на българската пробуда“ (1925)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Табаков, Н. Димитър Мишев. -Училищен преглед, януари 1932, кн. 1, с. 208-211.
  2. Български периодичен печат 1844 - 1944. Анотиран библиографски указател, том 3, Български библиографски институт „Елин Пелин“, Наука и изкуство, София, 1962, стр. 56.
  3. Енциклопедия „България“, том 4, Издателство на БАН, София, 1984, стр. 310.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]