Серски Санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серски Санџак
Liva-i Siroz
санџак на Отоманското Царство
пред 1846–1912
Местоположба на Серски Санџак
Карта на Солунскиот вилает во 1907 г. со Солунскиот, Серскиот и Драмскиот Санџак
Главен град Сер
Историја
 -  Основана ~ 1846
 -  Прва балканска војна 1912
Денес во  Бугарија
 Грција

Серски Санџак (отомански турски: Sancak-i/Liva-i Siroz) — санџак на Солунскиот вилает се седиште во градот Сер, Егејска Македонија, иако половина од него бил во Пиринска Македонија.

Сер потпаднал под власта на Османлиите ма 19 септември 1383 г. и првично бил вакуф на Евренос-бег, кој довел јуручки доселеници од Сарухан, денес во Ерменија. Иако никогаш не бил меѓу најзначајните во царството, во 1413-14 г. во Сер е отворена монетковница.[1] Во XVIII и почетокот на XIX век, Сер станал автономен беглик под управа на низа деребегови во состав на Солунскиот Санџак.[1][2]

Кон 1846 г. Сер станал своја управна единица со танзиматски реформи како санџак на Солунскиот Ејалет (подоцна Солунски вилает) на територијата на Егејска и Пиринска Македонија, опфаќајќи ги градовите Драма, Валовишта, Неврокоп, Мелник и Лиса со нивните села. Набргу Драма се одвоила со свој Драмски Санџак.

Во 1912 г. (последната година од своето постоење), Серскиот Санџак ги опфаќал следниве кази: Серска, Зихненска, Мелничка, Разлошка, Петричка, Валовишка (Тимурхисарска), Горноџумајска и Неврокопска.[2]

Санџакот престанал да постои во 1912 г. со бугарската окупација на подрачјето за време на Првата балканска војна. Со Букурешки договор по Втората балканска војна во 1913 г. градот Сер и јужната половина од санџакот ѝ припаднале на Грција, а северната половина (и цела Пиринска Македонија) влегла во состав на Бугарија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Babinger, Franz. (1934). „Serres“. The Encyclopaedia of Islām, A Dictionary of the Geography, Ethnography and Biography of the Muhammadan Peoples. Volume IV: S–Z. Leiden and London: E. J. Brill and Luzac & Co.
  2. 2,0 2,1 Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (германски). 13. Reichert. стр. 77. ISBN 9783920153568.